Пример за сите: Директорката на Инфективна, Милена, дознајте со која вакцина ќе се вакцинира

- Advertisement -

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ во 24 Анализа рече дека ќе се вакцинира со вакцината на „Астра Зенека“ и потенцираше дека мора да се има доверба во нашиот здравствен систем.

-Мораме да имаме доверба во нашиот систем. Јас ја имам, не само затоа што работа во него. Се потешко ќе ни биде во секоја идна и сегашна ситуација, ако не веруваме во она што го прави здравствениот систем.

-Верувам дека, многу малку верувале и очекувале дека ќе се носиме со работите вака како што се носиме, а јас сметам дека многу професионално и многу добро се носиме, изјави Стевановиќ.

- Advertisement -

Таа во интервју за МИА пред неколку денови изјави дека протколот е детален и точно опфаќа како ќе се попишуваат граѓаните, и оние во изолација, со цел да не се шири вирусот додека овој процес трае.

„Комисијата за заразни болести која навистина е една високо професионален тим на стручњаци со различни специјалности го изготвија протоколот за спроведување на пописот и тоа следејќи ги сите фази на процесот на попишување, од тестирање, преку обучување до спроведувањето на терен, вклучувајќи со посебни дополнителни мерки и за оние, за онаа популација која ќе биде во изолација или ќе биде заболена.

Не можам да предвидам колку од луѓето стравуваат или не стравуваат и дали би ги пуштиле попишувачите. Ако граѓаните се плашат толку колку што барем ни се презентира дека се плашат од ковид-инфекцијата немаше да имаме ние толкави бројки на ковид-заразени. Навистина сметам дека нашето однесување мораме да го донесеме до максимум сериозен однос кон ширењето на инфекцијата и ако се придржуваме до се нема да има проблем ниту за попис, ниту за какво било ширење од друг извор, можен извор или ризик на инфекцијата.

- Advertisement -

Повеќе од сигурна сум дека кога би се однесувале соодветно секаде од продавница до попис нема да имаме никаков проблем“, “, вели Стевановиќ за МИА.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави