Природен лек кој за 1 час исфрла сè од цревата, лек за сите болести

- Advertisement -

Јужноевропските, медитерански земји покрај свежата храна се познати и по сочните смокви. Во последно време, овие вкусни овошки стануваат сè позастапени и кај нас во Македонија, особено во јужните делови.

Сувите и свежите смокви се првите овошја кои нашите предци ги користеле. Смоквата се одгледувала пред пченицата. Освен што е нискокалорична и содржи само 74 калории на 100 грама, смоквите се изобилство на растителни влакна, витамини и минерали.

Свежите смокви се ценети поради присуството на антиоксиданси како каротен, лутеин танини. Исто така свежите смокви содржат високо количество на антиоксидативни витамини како витамин А, Е и К.

- Advertisement -

Научното име им е Ficus carica, можат да се најдат со зелена и виолетова боја на кора, а за успешно да вегетираат бараат навистина минимални услови. Смоквите во каква било форма (сушена или свежа), па дури и нивните листови изобилуваат со најразлични хранливи материи кои нудат низа здравствени бенефити за нашето тело.

Оваа слатка храна е добра за дигестија, слабеење, одржување на кардиоваскуларното здравје и здравјето на кожата. Иако сувите смокви се достапни во текот на целата година и имаат одличен вкус, тешко може да се каже дека постои повкусна и посочна овошка од свежата смоква.

Смоквите имаат богат нутритивен состав

Смоквите се нутритивно сконцентрирана храна богата со хранливи материи, односно храна богата со микронутриенти (витамини, минерали и разни други фитохемикалии) и се нискокалорични.

Моќен антиоксидативен состав

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак состојбата зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања водат до процеси на хронично воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања. Смоквите се богат извор на повеќе антиоксидативни компоненти, главно полифенолни.

Тие се лоцирани речиси во сите делови од плодот, а дури и сувите смокви ако се соодветно процесирани, можат да бидат уште подобар извор на фенолична киселина. Заради овие причини сувите смокви биле користени низ историјата – лесно се складирале, тешко се расипувале, па биле соодветна и нутритивна храна при долги патувања и екстремно топла клима.

Смоквите придонесуваат за правилно варење на храната и намалување на вишокот килограми

Во минатото смоквите често биле користени како домашен лек за најразлични дигестивни проблеми, како што е констипацијата (запек). Студиите покажуваат дека нашите предци ја познавале високата содржина на растителни влакна во смоквите за корисната цревна микрофлора, но помага и при процесот на слабеење.

Свежата храна, како што се смоквите, поттикнува подобра заситеност, а со тоа и слабеење. Ова е случај заради тоа што растителните влакна го намалуваат гликемискиот индекс на храната и ја врзуваат водата во стомакот, со што се промовира ситост. Дополнително, тие се храна за корисната цревна микрофлора, од чиј баланс зависи и целокупното здравје.

Потенцијално антиканцерогено дејство

Низа на лабораториски истражувања покажуваат одреден позитивен ефект на смоквите во однос на малигните заболувања. Сепак, ова дејство се должи на составот на листовите на растението, а не на плодовите, односно смоквите. За листовите на смоквата се утврдени антиканцерогени ефекти во однос на ракот на дебело црево, на црн дроб, гра-дите итн.

Подобро здравје на кожата

Смоквите имаат корисно дејство за здравјето на кожата, особено кај луѓето со алергиски дерматитис – сува кожа, екстремно чешање итн. Една студија спроведена на 45 деца со алергиски дерматитис утврдува дека кремата направена од суви смокви може значително да ги намали непријатните симптоми.

Дополнително, во едно истражување комбинацијата од повеќе овошни екстракти, вклучително и од смокви, покажало силно антиоксидативно дејство на кожните клетки, го намалуваат разградувањето на колаген и го спречуваат формирањето на брчки.

Подобро здравје на срцето

Повеќе спроведени студии покажуваат податоци според кои смоквите можат да бидат корисни за кардиоваскуларното здравје – го нормаланизираат високиот притисок, го намалуваат вкупниот холестерол, но и триглицеридите (мастите) во кр-вта.

Рецепти со смокви:

I Рецепт: За само 1 час го прочистува телото од маснотиите односно т оксините во кр-вта, го зајакнува имунитетот и е одличен во лекувањето на сите болести.

Потребни состојки: пола литар вода, неколку суви смокви.

Постапка: Во тенџере со вода додајте ги смоквите и почекајте додека водата да зоврие. Доколку користите свежи смокви ставете помалку отколку количината суви смокви, односно користете 3 – 4 смокви.

Варете ја смесата вкупно 9 минути, а потоа изедете ги. Исто така сварените смокви може да ги изблендирате, а потоа да ги додадете во теглата со мед и да консумирате секое утро по 1 лажица на празен стомак. Исто така, смоквите може да се јадат и како свежи или суви. Доволно е да изедете 3 смокви на ден за да ја стимулирате работата на цревата.

II Рецепт: Суви смокви со маслиново масло

Постапка: Ставете 40 суви смокви во една стаклена тегла и додајте маслиново масло додека да ја наполните теглата до врвот, а потоа добро затворете ја теглата и оставете ја да отстои на сонце 40 дена.

По изминатото време, консумирајте по една смоква пред јадење, а овој природен лек може да ви помогне доколку имате хемороиди, проблеми со стомакот, неплодност, анемија, астма и бронхитис.

III Рецепт: Рецепт од читателка – Олја

Постапка: Јас ги потопувам смоквите во чаша со вода. Во 250 мл чаша, ставам 2 – 3 смокви, малку промешувам и ги оставам преку ноќ во водата. Наутро ја пијам вкусната вода и ги јадам смоквите.

Водата е превкусна и има освежителен вкус за утринското расонување, а смоквите се сочни и меки. Не се мачете со готвење. Овој рецепт може да се подготви и со суви смокви. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

Последни објави

spot_img

Поврзани објави