Црниот дроб е еден од најважните органи во телото, а брзата храна и преработените намирници оставаат последици на неговото функционирање.
Црниот дроб е важен за општото здравје. Неговата работа е да ја преработува храната, мастите и да ги елиминира токсините и другите штетни материи кои ги внесуваме. Кога овој орган не функционира како што треба, последици трпат и сите други органи во телото, па е исклучително важно да поведете сметка за здравјето на црниот дроб. Црниот дроб може да се нарече чистач на организмот, но и на него му е потребно повремено чистење.
Затоа е добро од време на време да направите мала детоксикација, со цел вашиот црн дроб да функционира подобро. Овој сок ќе ви помогне во тоа.
Потребно ви е:
125 гр свежа зелка, 1 лимон, 25 гр целер, 250 гр свежи крушки, парче ѓумбир од 2 см, 500 мл вода, 4-5 листови нане.
Подготовка:
Крушката, зелката, целерот и ѓумбирот исецкајте ги на парчиња, па ставете ги во блендер и прелијте ги со чаша вода. Вклучете го блендерот и добро мешајте. Потоа додадете го цедениот сок од лимонот, остатокот од водата и нането. Се добро измешајте, па сервирајте во стаклени чаши.