Дали знаете дека бананата може поефективно да реши некои проблеми отколку таблетите кои ги пиете? Запознајте ја здравата страна на бананата и избегнувајте ги фармацевските производи доколку имате алтернатива.
Три видови на шеќер и изобилие на влакна се причините кои бананата излегува од листата на брзопотезни извори на енергија. Освен нејзината хранлива вредност докажана е и нејзината моќ во отстранување на бројни тешкотии кај кои најчесто посегнуваме кон лекарства …
1. Надуеност и запек
Бананата содржи пектин кој го забрзува варењето и поттикнува на исфрлање на токсините и тешките метали од телото. Освен тоа нивното дејствување е пробиотско и ја стимулира работата на цревата. Сите овие фактори ја поттикнуваат работата на варењето и ја намалуваат подуеноста додека влакната од мекиот плод ги разбудуваат цревата и дејствуваат како природен лаксатив на запекот.
2. Стрес
Го нарекуваат болест на модерното време бидејќи постојано остава големи последици на нашето здравје, стресот го забрзува метаболизмот при што паѓа нивото на калиум во организмот. Рамнотежата може да се воспостави со помош на една банана која во себе содржи доволно калиум кој ќе помогне во нормализација на отчукувања на срцето, праќање кислород во мозокот и регулирање на количината на вода во телото.
3. Крвен притисок
Познато е дека големото внесување на натриум, а малото на калиум има негативно влијание на крвниот притисок. Поради тоа е важно телото да се снабдева со голема количина на калиум кој го содржат бананите. Се препорачува секое утро да јадете по една банана која ќе го одржува притисокот на границата на идеалното ниво.
4. ПМС
Бананите изобилуваат со витаминот Б6 кој позитивно влијае на нивото на глукоза во крвта, а е докажано како витаминот од Б семејството кај ПМС успешно го редуцира проблемот на болни гради, промена на расположение и собирање вода во телото.
5. Депресија
Состојката на бананата е и триотофан, вид на протеин кој го забрзува отпуштањето на серотонин, познат како хормон на среќа. Имено само една банана е доволна да скокне нивото на серотонин, после што настанува чувство на смиреност и задоволство.