Продала бебе за 4.000 евра: Жена со уште четири соработници ќе одговара кривично

- Advertisement -

Полицијата поднесе кривична пријава против А.М.(44), А.М.(35), Ф.А.(61) и Ѓ.К.(55), сите од Скопје и против М.М.(41) од Куманово поради постоење основи за сторено кривично дело „трговија со дете“, соопшти МВР.

„Во текот на 2024 година, пријавените А.М., А.М., Ф.А. и Ѓ.К., користејќи ја финансиска состојба на пријавената М.М., која била бремена,

ја измамиле така што ѝ обезбедиле финансиска помош во висина од 250 до 270 евра, како и бесплатни лекарски прегледи за незаконско посвојување на нејзиното новородено бебе.

- Advertisement -

На 18.02.2025, откако М.М. родила женско бебе, со нотарска изјава му дала старателството на А.М., дека бебето го остава доброволно на чување, воспитување и издржување, за што и била исплатена сума од 4.000 евра.

Од страна на судија на претходна постапка, на А.М. и М.М. им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на А.М., Ф.А. и Ѓ.К. им е одредена мерка домашен притвор“, пишува во полициското соопштение

Последни објави

spot_img

Поврзани објави