Променила само пет животни навики и изгубила 60 килограми…
Приказната на Киа Твиселман мотивираше многумина да се впуштат во борба со вишокот килограми.
Оваа млада жена од Калифорнија со години се обидувала да држи најразлични диети, но без никакви резултати. После година дена неуспех на крајот сепак во текот на само една година изгубила 60 килограми, а во тоа успеала променувајќи само пет животни навики.
Сега Киа им помага и на другите да го постигнат нејзиниот успех.
Моментот кога одлучила да го промени својот живот е кога седнала во авион и забележала дека не може да го врзе појасот. Книгата “Girl, Wash Your Face”, на авторката Рејчел Холис била повикот да го промени нејзиниот живот.
Имала само 25 години и морала да превземе одговорност за своите постапки. Тоа било време да го превземе животот во свои раце и на борбата со вишокот килограми од најраниот период на своето детство да стави точка.
“Мојата тежина остави на мене големи последици, како физички така и психички. Не смеев да одам на плажа, езеро или базен. Ми беше непријатно да носам костим за капење”, призна таа.
Губење на килограми не било лесно.
“Имаше многу моменти кога сакав да се откажам. Посебно кога не ги гледате резултатите. Морав постојано да се потсетувам себе си дека губењето на килограми е остварување на сите мои соништа”, изјави таа.
Овие пет навики и го промениле животот:
“Разбудете се еден час порано и тоа време посветете си го себе си. Вежбајте најмалку 30 минути. Откажете се од секој оброк кој не е корисен за вашето тело. Пијте доста вода, и секој ден запишете десет работи на кои сте благодарни”, изјави Киа.
Придржувањето до овие едноставни навики и помогнало на Киа, но и на други да создадат солидни темели за нов и здрав животен стил. Фокусираноста може да ви помогне да постигнете се што сте замислиле.