Пронајдена книгата на Баба Ванѓа со болести од А до Ш и рецепти за нивно лекување, во која има нови непознати лекови

- Advertisement -

Баба Ванѓа иако слепа, гледала повеќе од сите други – детали од минатото и фрагменти од иднината. Нејзините пророштва и ден денес се исполнуваат.

“Сè што е потребно за лекување се наоѓа околу нас, во нашето опкружување, природата сè ни дала” – говорела Ванѓа. Исцелителката не била против докторите и стандардната медицина, освен во сопствениот случај. Сепак, често предупредувала дека синтетските лекови може да бидат лоши и опасни.

Длабоко верувала дека балансот во телото е многу важен, а кој се постигнува само доколку се живее во рамнотежа со природата. Па така, сметала дека за секоја болест постои билка која истата ја лекува. Преведе и обработи Nmd.mk

- Advertisement -

A

Акни: Пред спиење нанесете облога на лицето (памучна крпа или газа) која претходно сте ја натопиле во чај од маточина, Сапунче билка и бозел.

Albumin (покачен): Една лажичка исушена кора од бреза (тенка и проѕирна кора која се лупи напролет), сварете во 2 шолји вода (од кафе), околу 5 минути. Процедете и пијте навечер по 100 мл, три дена по ред.

Алергија: Мала лажичка сув пелин натопете во мала шолја ладна вода преку ноќ, наутро процедете и пријте трипати дневно после јадење, така што голема лажица од таа вода ќе ја помешате со малку мед. За спречување алергија: пијте по една шолја вино од пелин, секој ден во текот на пролетта.

Анемија: Сомелете 100 г суви плодови слез. Половина лажичка од тој прашок промешајте во чаша свежо овчо млеко и пијте еднаш дневно. За да го подобрите вкусот додадете малку мед.

Артритис (рецепт 1): Во поголема количина вода сварете 10 корени циклама (Cyclamen hederifolium). Таа мешавина истурете ја во полна када, па кога ќе подизлади, киснете го целото тело додека водата целосно да излади. Постапката се повторува 10 пати.

Артритис (рецепт 2): Сварете 20 корени од циклама во 10 литри вода. Секое утро и секоја вечер натопете ги прво нозете, а потоа и рацете во таа бања, па на крај полијте ја главата трипати.

Артритис (рецепт 3): Во половина литар силна ракија сварете половина пакување бел синап и варете додека течноста да испари до половина. Мачкајте ги болните места наутро и навечер.

Артритис (болки во рачните зглобови): Сварете слатка папрат и оставете да излади, па додека течноста е млака натопете ги рацете во таа течност. Повторувајте ја постапката секоја вечер во текот на 10 дена.

Артритис (ревматичен): Сварете листови од Обична смрадлика (рујевина), па од нив направете смеса за облози. Држете ги на болните места 20 минути. Повторувајте 7 дена.

Астма (рецепт 1): Прелијте со врела вода 40 главици црвен кромид додека да омекне. Додадете половина литар масло и динстајте. Испасирајте ја смесата и секое утро и секоја вечер јадете по една супена лажица од ова пире на празен желудник.

Астма (рецепт 2): Пијте чај од цвет од подбел.

Аритмија/силно чукање на срцето: Растопете коцка шеќер во чаша вода и тоа испијте го.

Аритмија/силно чукање на срцето на нервна база: изрендајте кора од половина килограм лимон, додадете 200 г мед и 40 сомелени семки од кајсија. Консумирајте по една супена лажица наутро и навечер.

Б

Болки во грбот: намачкајте го грбот со мед, така што при масажата ќе повлекувате кон горе.

Болки во гради кај жена (хормонска нерамнотежа): Направете напиток од пелин и подбел. Потопете памучна крпа во таа течност, исцедете и завиткајте ги дојките. Преку облогата ставете лабав завој за да се фиксираат крпите. Оставете да делува преку цела ноќ.

Болки во жолчно кесе (проследени со мачнина и повраќање после консумација на масна храна): Измешајте сок од половина лимон со половина мала лажичка сода бикарбона и испијте го тоа.

Болки во грбот: направете домаѓен “фластер” против болки – Потребни се две белки, една мала лажичка рендан домашен сапун и едно пакување иситнет темјан. Смесата нанесете ја на волнена ткаенина, завиткајте ја околу грбот и оставете додека фластерот да отпадне (еден до два денови).

Болки во нозете: Откако добро ќе ги измиете нозете во млака вода, намачкајте ги со свинска маст, па навлечете лесни памучни чорапи и преспијте во нив.

Болка во желудник (рецепт 1): Пригответе чај од босилек, камилица и нане. Во 600 мл вода ставете супена лажица да проврие три минути. Пијте по една мала шолја после јадење.

Болка во желудник (рецепт 2): Џвакајте секој ден по еден лист црвена детелина, така што ќе го проголтате само сокот, но никако и листот.

Бронхии (воспаление): Сварете еден ловоров лист во 100 мл вода, се додека половината од течноста да испари. Трипати дневно земајте по една супена лажица од оваа течност.

Брадавица (на раце): иситнете добро Битолско цвеќе (Consolida regalis), така да добиете прашок, па со тој прашок протријте ја брадавицата.

Бронхитис (рецепт 1): Ставете 2-3 листови подбел да се варат во половина литар млеко. На врв од ножот додадете свинска маст. Навечер пред спиење пијте по една мала шолја (за кафе) од оваа течност.

Бронхитис (рецепт 2): излупете главица црвен кромид, издлабете го во средината, па наполнете го со лажичка шеќер. Секој ден изедете по една главица вака приготвен кромид.

Бронхитис, спастичен: Во 500 мл зовриена вода потопете на една минута по една супена лажица Обична Смрадлика (рујевина), подбел и пелин. Процедете и пијте по една супена лажица чај со малку мед наутро и навечер, после јадење.

Бронхитис, хроничен: секое утро испијте по една шолја чај од невен на празен желудник.

Бронхопневмонија, за закрепнување после болест: Во 1 кг чист мед додадете мала лажичка мелен ѓумбир, мала лажичка мелено индиско оревче, мала лажичка мастикова смола и 5-6 каранфилчиња. Земајте по една супена лажица двапати дневно после јадење. Возрасни може да земаат и цела доза, а деца по една мала лажичка во текот на 10 дена.

Болни бубрези (рецепт 1): Една недела пијте чај од 1 лажица семки од тиква, две лажици мелено ленено семе и вода.

Болни бубрези (рецепт 2): Еден ден седмично јадете само варено жито и пијте вода.

Болни бубрези (рецепт 3): Во пет литри вода ставете поголе корен од капини (претходно добро исчистен и измиен) и варете додека течноста да испари до половина. Пијте трипати дневно по 100 мл.

Болни бубрези (рецепт 4): печена глина прелијте со јаболкова киселина и добро замесете. Намачкајте на платно, па глината навечер ставете ја на грб, над бубрезите, ако е можно до следното утро.

Г

Гастритис (рецепт 1): Секое утро на празен желудник испијте шолја чај од бела врба. После тоа испијте шолја млеко.

Гастритис (рецепт 2): испијте чај од троскот.

Гастритис (остар, рецепт 3): Сварете 200 г лист од машки тегавец во половина литар лозова ракија, околу 5 минути. Процедете. Давајте му на болниот по една супена лажица наутро на празен желудник. Не смее да се пие алкохол додека ова се консумира.

Главоболка: Измијте ја главата во вода во која претходно сте свариле коморач.

Главоболка, упорна (рецепт 1): Во 600 мл сварена вода додадете 3 лажици анансон и варете 5 минути. Пијте трипати дневно по една мала шолја пред јадење.

Главоболка, упорна (рецепт 2): Наполнете платнена торба со голема китка жолт смилј и користете ја наместо перница. Или ова цвеќе ставете го на перницата и преспијте една ноќ со него.

Главоболка, хронична: Во голема количина вода сварете градинарска чубрика. Навечер потопете ја главата 10-15 минути во таа вода, а потоа полијте го телото.

Главоболка и немирен сон: Во 2-3 литри вода сварете 1-2 листа од агаве и со тоа навечер поливајте ја главата и телото неколкупати.

Главоболка со билки во ушите: Направете карамел од една супена лажива шеќер. Кога ќе потемни залијте со една чаша ладна вода, промешајте и испијте штом се растопи карамелот. Пијте по една до две шолји дневно.

Гласни жици, воспаление: направете напиток за грло така што ќе иситнете пелин, подбел и линцура.

Габички на стапалата и непријатна миризба: Секоја вечер натопете ги нозете во вода во која сте свариле босилек.

Габички на ноктите од рацете: Сварете силно кафе и неколкупати натопете ги прстите во кафето, заедно со талогот.

Габички на ножните прсти (рецепт 1): Добро измијте ги стапалата и потопете ги во вински оцет. Преспијте во чисти чорапи кои сте ги натопиле во винска киселина.

Габички на ножните прсти (рецепт 2): Направете бања за стапалата така што во млака вода ќе ставите една супена лажица сода бикарбона и една лажица морска сол.

Габички на ножните прсти (рецепт 3): Во иситнето зелено нане додадете сол и нанесете помеѓу ножните прсти. Оставете да отстои.

Грло, воспалено (рецепт 1): Прстофат амонијаков хлорид (NH4Cl) од аптека, растворете во чаша вода и 1-2 пати дневно плакнете го грлото без пиење.

Грло, воспалено (рецепт 2): Направете чај од мајчина душичка, камилица и прстофат руј (смрадлика). Пијте во текот на денот.

Грло, настинато: Стапалата намачкајте ги со мевлем од маст, ситен пелин и лажичка сода бикарбона. Облечете чисти памучни чорапи и така преспијте.

Грло, црвено (користи и кај искашлување крв): Сварете супена лажица смрадлика/руј во 500 мл вода додека половината да испари. Пијте трипати дневно со малку мед, после јадење.

Грч: Спијте врз перница и душек наполнети со шумско сено).

Грутчиња/израстоци на телото: Измешајте пчелин восок, мелен пелин и ракија. Местата мачкајте ги со оваа мешавина.

Грутчиња/израстоци на дојките: Во 500 г ржано брашно додадете 100 мл млеко. Направете тесто и ставете го во крпа, па ставете го на болното место три ноќи по ред.

Грчеви во желудник: Измијте го болниот и грбот намачкајте му го со свинска маст. Нека легне на стомак, па масирајте го со кружни движења во подрачје на лопатките и тртката. Повторете ја постапката неколку пати.

Губиток на коса (рецепт 1): Во 500 мл винска киселина сварете три корења кукурек и 4-5 китки грчка коприва. Процедете и кога ќе излади ставете во фрижидер или ладно место. Со оваа смеса можете да ја масирате главата секојпат после миењето на косата.

Губиток на коса (рецепт 2): Измиената коса исперете ја со вода од сварен бршлен.

Д

Дијабетес, почетна состојба (рецепт 1): Натопете врвови гранчиња од капини во вода, потоа процедете и пијте ја водата во текот на денот.

Дијабетес, почетна состојба (рецепт 2): Сварете 3 кг мешунки од зрел грашок и пијте секое утро по една шолја процедена течност, на празен желудник.

Дизентерија (рецепт 1): Една шака видец (Euphrasia rostkoviana), варете 10-15 минути во литар вода. Се пие по една кафена шолја наутро, во текот на 2-3 дена.

Дизентерија (рецепт 2): Земете свежа кора од храст со должина од околу 10 см, па сварете ја во литар вода. Нека врие додека течноста да испари до половина. Кога ќе излади пијте по една мала шолја дневно, на празен желудник. За деца само по една лажица лажичка.

Дискус хернија: Иситнете стара цигла, додадете две белки претходно изматени, потое една супена лажица темјан во прав и една чашка лозова ракија. Оваа смеса намачкајте ја на волнена крпа и нанесете како фластер на болниот грб, па оставете додека самото да отпадне.

Дископатија: Изрендајте компир и ставете го на болното место да делува преку целата ноќ. Повторувајте ја постапката додека да исчезне болката.

Е

Екцем (рецепт 1): Кутка полско цвеќе сварете и со тоаа течност полевајте го местото со осип на кожата.

Екцем (рецепт 2): Измешајте мала шолја масло со мала шолја оцет. После бањање намачкајте ги болните места со оваа смеса. Нанесувајте исклучиво со памук, никако со прсти.

Екцем (рецепт 3): Исцедете сок од билката самуника. Добро измијте ги болните места, исчистете со алкохол, па намачкајте со сокот од билката.

Екцем (рецепт 4): Сомелете 30 препечени ореви, додадете рибино масло и промешајте. Исчистете ги заболените метса и намачкајте ги со оваа смеса. Оставете да отстои.

Екцем (рецепт 5, се користи кај деца): Избањајте го детето во водата во која се претходно сте свариле јачмен.

Екцем на раце, реакција на детергент за садови или хемикалии: Секој ден рацете мачкајте ги во топла баља со едно лажиче сода бикарбона. Киснете ги рацете во бањата 15-тина минути. Потоа рацете потопете ги во малку загреано масло и држете ги во него 10-тина минути.

Ж

Желудник, подуен: Пијте чај од ливадски билки и само минерална негазирана вода.

Желудник, нервозен: наутро на празен желудник испијте чаша вода во која сте разматиле супена лажица мастика. Почекајте 10 до 15 минути и испијте супена лажица масло.

Желудник – гасови (рецепт 1): Пијте чај од мајчина душичка.

Желудник – гасови (рецепт 2): Со секој оброк изедете три маслинки.

Желудник, расипан: Пијте неколку пати дневно чај од лист од зелено нане.

Жуљеви: немојте да ги сечете со ноже! Во една пелена ставете грутка сол и две капки вода. Заврзете ја пелената околу жуљот и оставете така да делува преку цела ноќ. Ќе почувствувате силна и непријатна болка, но ако ја повторите постапката 2-3 пати, жуљевите ќе исчезнат.

Жолчка (рецепт 1): Јадете секојдневно по две круши и пијте компот од диви круши, без шеќер.

Жолчка (рецепт 2): Еден корен од билката Чемер или Линцура со величина од 3-4 см, потопете во 1 литар бело домашно вино. Нека отстои три дена. Коренот извадете го и пијте по една супена лажица, трипати дневно за време на јадење.

Жолтица: Штом се забележи болеста, секое утро на празен стомак испијте сок од еден лимон помешан со лажичка сода бикарбона.

З

За слабеење: Во големо тенџере со вода што врие додадете 100 грама сушена билка Зајачко стопало (geum urbanum) и варете 5 минути. Кога ќе излади процедете и полијте го телото после бањање. Полевајте се три дена по ред, а навечер пијте по една шолја чај од маточина.

Запек: Испечете едно јаболко и прелијте го со карамела. Изедете ја ладна.

Зглобови, отечени: Во три чаши вода ставете супена лажица бел синап и варете 5 минути. Пијте по една мала шолја трипати дневно пред јадење.

И

Изгореници од врел предмет: Измешајте 6 жолчки од свежи јајца и неколку лажички растопен свеж квасец додека смесата да стане како мајонез. Со оваа смеса намачкајте завој и завиткајте ги изгорените места.

Израстоци, на раце: Волнена ткаенина потопете ја во јаболкова киселина и наросете со издробен темјан, па ставете ја облогата на рака.

Израстоци, на грб: Постапете исто како за израстоци на раце и облогата поставете ја на грб.

Испукани пети: Наместо вода пијте чај од сварен ‘рж.

Испукани раце: Киснете ги во млака вода во која претходно сте вареле билка Водно пипериче. Повторете 2-3 пати.

Имунитет: Еднаш месечно полијте се со вода во која сте вареле мајчина душичка.

Ишијас: Сончајте се во текот на летото.

Ј

Јајници, воспаление (рецепт 1): Сварете свежа зелка и полијте ја со млеко. Жената треба да стои некои време врз таа пареа.

Јајници, воспаление (рецепт 2): Сварете кора од црн каменен даб и додадете масло. Жената треба да стои над пареата некое време.

Јакнење на организмот, добро и за слабеење: најдобро е да се применува напролет: сварете посебно смрадлика (руј), камилица, печин и анасон. Секоја билка варете ја 5-10 минути. Кога ќе излади, процедете и промешајте ги чаевите од сите билки во еден сад. Со оваа течност поливајте се барем три дена по ред, после бањање.

К

Кашлица, упорна: една супена лажица сува драка ставете во 200 мл вода и почекајте да зоврие. Процедете и пијте по една шолја чај секоја вечер пред спиење.

Кашлица: Сварете листови подбел и пијте како чај.

Кашлица, хронична, кај пушачи: Сварете корен од слез во млеко. Пијте по една мала шолја неколку пати дневно.

Кашлица, силна (рецепт 1): Во 500 мл вода сварете 4 ореви во лушпа, малку поткршени, додадете супена лажица цвет со бозел и една лажица мед. Процедете и пијте по супена лажица трипати дневно помеѓу оброци.

Кашлица, силна (рецепт 1): Пијте чај од ленено семе во текот на 7 денови.

Кожа (воспаление): Во 500 мл вода сварете 1,5 лажица сум лист од маточина, се додека да испари половина течност. Потоа направете облога: натопете памучна ткаенина во оваа течност, исцедете и ставете ја на воспаленото место додека да поминат симптомите.

Крајници, воспаление: иситнете сув корен од кукурек. Измешајте го со малку тесто од брашно и вода, па развлечете кора во вид на лента доволно долга за да се завитка вратот. Лентата наросете ја со иситнет кукурек, па ставете на вратот да се опфатат крајниците. Болеста многу брзо исчезнува. Возрасните можат да преспијат со оваа лента, а на децата оваа облога не ја држете подолго од половина час.

Колено, болки: Домашен квасец натопете во малку топло млеко и оставете да се активира. Потоа премачкајте ленена крпа и наросете амониум хлорид. Со тоа свиткајте го коленото и ставете завој. Оставете облогата да делува преку цела ноќ. Повторете три ноќи по ред.

Колитис: Болниот треба двапати дневно да пие сурутка и да одбегнува масна храна.

Конјуктивитис: Сомелете свеж лист од слез и три ноќи по ред ставајте облози на очи.

Коса, да биде густа и сјајна: Сварете лист од орев и тегавец. Испраната коса исплакнете ја со оваа течност.

Крвен притисок, висок (рецепт 1): Во чаша ставете една супена лажица пченкарно брашно и прелијте со врела вода до врв. Оставете така да преноќи. Следното утро испијте ја само водата на празен желудник, без да го мешате талогот.

Крвен притисок, висок (рецепт 2): Во 500 мл вода ставете супена лажица сув лист од драка и варете ја додека да испари половина од течноста. Тоа е дневна доза од течноста која се пие наутро и навечер по 100 мл. Ако притисокот е многу висок, испијте ја целата течност наутро на празен желудник.

Крвен притисок (рецепт 3): Во една чаша ставете супена лажица сува бела имела, па прелијте ја со ладна вода до врв. Оставете преку ноќ, па наутро на празен стомак испијте ја само течноста.

Курје око/калус: Три вечери по ред направете бања од проварена смрадлика (рујевина) и киснете ги нозете додека водата да се излади.

Л

Лузни: Натопете ја лузната со сок од плав шафран.

М

Маларија: Ставете јајце во емајлиран сад и полејте го со 200 мл винска киселина. Садот не го поклопувајте. Кога ќе се стопи лушпата, убаво промешајте за да се изедначи и испијте на празен желудник.

Мигрена: Во 600 мл зовриена вода ставете три лажички анасон и варете 5 минути. Пијте трипати дневно по една мала шолја пред јадење.

Мускул, истегнат, на рака: Потопете ја раката до рамо во вода во која претходно сте свариле зелен бозел и додале супена лажица сода бикарбона.

Метаболизам, пореметување: Наутро испијте чај од кантарион.

Метаболизам, за да го забрзате: Во 600 мл вода ставете супена лажица исландски лишај и варете додека половина вода да испари. Пијте најмалку еден месец трипати дневно после јадење по една мала шолја.

Мокрење, кај деца и возрасни: Во две шолји вода навечер сварете китка глуварчиња, околу 5 минути. Пијте наутро и навечер по една мала шолја.

Мачнина: Пијте чај од бел синап.

Н

Настинка, силна: направете фластер од 10 листови сув тутун, мед и силна јарија. Залепете го на грбот и оставете да преноќи. По потреба повторете ја постапката.

Настинка со кашлица, воспаление на бронхиите: Во 100 мл вода сварете еден ловоров лист, додека количината да се преполови. Пијте по една супена лажица трипати дневно.

Несоница (рецепт 1): Секоја вечер пред спиење земете една супена лажица мед.

Несоница (рецепт 2): Ставете суво ливадско сено во перницата врз која спиете.

Несоница (рецепт 3): Ставете исушен хмељ во перницата врз која спиете.

Несоница (рецепт 4): Пред спиење земете една супена лажица шеќер и испијте вода.

Невралгија (рецепт 1): Во три чаши вода сварете три мачли шолји анасон. Пијте трипати дневно пред јадење по една шолја од овој чај.

Непца, болни (рецепт 1): исперете ја устата со напиток од дива чубрица во кој треба да додадете прстофат стипса.

Непца, болни (рецепт 2):Двапати месечно џвакајте по еден час смола од молика (врст бор).

Непца, кои крвават: Зелен лист од киселика иситнете и ставете како тампон на непцето.

Непца, повлекување на забното месо (рецепт 1): Во еден литар вода сварете 40 плодови драка, па варете додека половина од водата да испари. Кога ќе излади, неколку пати во текот на денот исперете ја устата, ма масирајте ги непцата.

Непца, повлекување на забното месо (рецепт 2): Билката толчник кога ќе биде процветана ситно исечкајте ја, додадете масло, па јадете ја како салата.

О

Осип (рецепт 1): Полијте го местото со вода во која сте свариле кора од храст.

Осип (рецепт 2): Во текот на 20 дена пијте ја течноста од натопено семе од мешунки.

Осип (рецепт 3): Земете една рака зелена коприва, исперете ја и исушете ја. Ставете мала шолја масло на тава, испржете ја копривата додека да загори. Процедете го маслото и мачкајте со него кога ќе излади.

Осип (рецепт 4): Сварете цвет од див зумбул, па со таа вода полевајте го телото.

Осип, упорен: Сварете ‘рж и пијте неколку пати во текот на денот.

Осип, ситен: сварете 10 корења росопас во канта вода. Избањајте се и полијте се со таа вода. Пожелно е да се повтори 2-3 пати.

Отоци: Земете памучна ткаенина, наросете врз неа темјан во прав, натопете со чај од бел синап и премачкјате со мед. Ставајте на отечените места.

Очни капаци, воспаление: направете густ напиток од пелин. Земете памучни тампони и натопете ги, па исцедете ги и ставете ги на очните капаци. Лежете со тампони околу два часа, а по потреба повторете ја постапката.

П

Плекситис – силни болки во рацете (рецепт 1): На волнена ткаенина нанесете јаболкова киселина и темјан во прав. Ставете на болното место и постапката повторувајте ја додека да помине болката.

Плекситис (рецепт 2): Издробете лист од врба и ставете го на болното мест.

Пневмонија: Пијте напиток од ленено семе во текот на седум дена. Не пијте ладна вода.

Посекотини: Нанесете кантарионово масло и оставете да делува во текот на 24 часа.

Премор: Од восок, масло и вода направете смеса која ќе ја намачкате на платно и со него ќе ги завиткате нозете.

Прејадување: Исцедете лимон и во сокот разматете лажичка сода бикарбона. Испијте го. Ако ве мачи вкусот, можете да додадете малку шеќер.

Пролетен умор: Пијте чај од бел слез. Во 600 мл вода ставете една супена лажица билка и варете околу 5-6 минути. Пијте трипати дневно по една шолја пред јадење.

Простата, воспаление: Сомелете јаглен од изгорено дрво од липа. Пијте го како чај во текот на седум дена по една шолја.

Првут: Една чаша јаболкова киселина помешајте со мала шолја масло и прстофат сол. Сето тоа добро промешајте го и кога ќе ја исперете косата, намачкајте ја кожата од главата со оваа смеса. повторувајте ја постапката додека да ја потрошите целата смеса.

Проширени вени (рецепт 1): Ставете во еден сад зелени ореви и прелијте ги со масло. Садот оставете го 40 дена на сонце, па со потоа мачкајте ги болните места додека да се потроши маслото.

Проширени вени (рецепт 2): Облечете памучни чорапи и одете наутро по росна планинска ливада. Кога чорапите добро ќе се натопат, оставете ги на нозете и нека се исушат на сонце.

Проширени вени (рецепт 3): Во две чаши ладна вода ставете супена лажица пепел од храст и оставете да отстои преку ноќ. Наутро внимателно одвојте ја бистрата вода и пијте по една супена лажица наутро и навечер после јадење, се додека да ја испиете целата количина.

Преведе и обработи НМД.мк

Р

Рани (рецепт 1): Побрзо зараснуваат ако се мачкаат со масло во кое 20 дена се натопувал цвет од кантарион. Маслото е одлично и за лекување на рани кои крвават. Може да се пие од него по една лажичка.

Рани (рецепт 2): мачкајте се со мевлем кој сте го направиле од свинска маст, мед и сода бикарбона. Секојдневно јадете салата од целер.

Ревма, болки: Сварете смрадлика/руј и направете облози за колената и зглобовите.

С

Синуситис (рецепт 1): Во текот на 2-3 дена еднаш дневно во двете ноздри ставајте по 2-3 капки сок од рендан корен од циклама.

Синуситис (рецепт 2): Секоја вечер во двете ноздри ставајте по неколку капки кравјо млеко.

Срцеви заболувања: 4 пати годишно по 4 дена по ред пијте чај од цвет од глог.

Т

Тврда столица: земете едно јаболко и змечете го со вилкушка па обилно полијте го со карамела. Кога ќе излади изедете го.

Температура (рецепт 1): Сварете кисело грозје во вода па со тоа полијте го болниот. После намачкајте го со свинска маст и лозова ракија.

Температура (рецепт 2): Во вода сварете кисели сливи, јаболка и диви круши. Кога ќе излади, избањајте го болниот во оваа вода 10-тина минути, па истуширајте. Намачкајте после тоа со лозова ракија. Пресоблекување после секое препотување.

Тетива, на рака: Во 500 мл ладна вода растопете бел свински џигер (бел дроб) и со тоа обвиткајте го болното место три вечери по ред.

Труење со риба: Лажичка мастика разматете во чаша вода и веднаш испијте. Ќе почувствувате олеснување за 5 минути.

У

Удрени и болни места: Сварете добро 500 г стар бел грав, пропасирајте го ставајте на болните места. Завиткајте во памучна ткаенина и превиткајте го болното место, па оставете преку ноќ.

Убод од инсект: втријте го местото со лист од црн бозел.

Уво, воспаление: Пијте чај од подбел. Истуширајте се во вода од сварен подбел и после тоа целото тело намачкајте го со свинска маст.

Х

Хемороиди кои крвават: Плодови од драка потопете во масло и 7 дена оставете ги на сонце. Наутро, на празен желудник консумирајте по една супена лажица. После јадење избањајте се во чај од истата билка.

Хемороиди, надворешни (рецепт 1): Сварете водено биберче во голема количина вода, па седете во ладна бања од оваа течност.

Хемороиди, надворешни (рецепт 2): Сварете плодови од црн бозел како џем. Јадете по една супена лажица пред јадење.

Ц

Црн дроб, болен: 100 г ситен прав од жолта ајдучка трева и 100 г брашно измешајте со малку вода и направете каша. Од кашата направете 60 мали топчиња. Исушете ги и чувајте ги на ладно. Месец дена треба да пиете по едно топче наутро и навечер, а покрај тоа да пиете магнезиум сулфат.

Циститис: Кога ќе созрее пченката, соберете ја свилата, исушете ја на сенка и ставете ја во платнена торба. Пијте топол чај од оваа коса, секој ден по една до две шолји.

Ч

Чир (рецепт 1): Направете мала погача од ‘ржано брашно, млеко и свежо сирење. Ставете го на болното место преку цела ноќ.

Чир (рецепт 2): Во 500 г ‘ржано брашно додадете 100 г сирење и шолја млеко. Направете тесто, па рзвлечете кора преку памучна кора и ставете на болното место три вечери по ред.

Ш

Шуга: Сок од лук.

Преведе и обработи NMD.mk

Последни објави

spot_img

Поврзани објави