Пронајдено прошталното писмо на Џеј: Претчувствувал дека наскоро ќе умре- познато на кого му го оставил наследството

- Advertisement -

Пејачот Џеј Рамадановски почина на 57 години во својот дом во Белград, на 6 декември 2020 година, а неговата смрт ги потресе неговите ќерки, семејството, но и бројни пријатели и колеги.

Српските медиуми сега пренесуваат дека наводно е пронајдено проштално писмо во кое се напишани последните зборови на пејачот.

Пријател на починатиот пејач за „Стар“ открил дека Рамадановски чувствувал дека нешто се случува и дека затоа веројатно и го напишал писмото во кое навел на кого му го остава наследството, како и што пред крајот на животот го мачело.

- Advertisement -

Како што се наведува, Џеј решил да го остави наследството на својата ќерка Марија, која му била слабост и која до самиот крај била покрај него.

Исто така, пејачот наводно напишал и дека би сакал Марија да тргне по неговите стапки, и да најде поштено момче кое ќе се грижи за неа, а дека сѐ што има ѝ го остава нејзе. Тој бил среќен поради семејството што го има и дека среќен заминува на оној свет.

„Тој навел дека короната навистина го мачи, дека е тажен поради тоа што луѓето умираат и дека сме во карантин, тоа го убиваше. Јас сум сигурен дека целата ситуација во која се најдовме го вознемири и ја забрза неговата смрт. Покрај семејството, наведе многу луѓе кои беа со него и на кого им е благодарен. Писмото е многу емотивно дури и не прашав кој го нашол, ми се чини дека го нашле во станот каде што живееше со Андријана. Знам дека семејството ќе почитува сè што е напишано“, рекол пријателот на Рамадановски за „Стар“.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави