Направете домашен пијалок што ќе ги „доведе артериите во ред“.
Затнувањето на артериите може да биде предизвикано од згрутчување на крвта, но и од акумулација на плаки како резултат на покачен холестерол во крвта.
Овие состојби кои стануваат се почести и важно е да се работи на нив што е можно побрзо бидејќи тие претставуваат ризик за здравјето на срцето и можат да доведат до срцев или мозочен удар.
За да го намалите високиот крвен притисок, да ги исчистите крвните садови и да го намалите нивото на лош холестерол, потребни ви се неколку состојки за да направите домашен напиток:
Чаша сок од ѓумбир,Чаша пире од лук,Чаша сок од лимон,Чаша јаболков оцет и Две чаши мед
(Важно е да се измерат сите состојки со иста чаша)
Прво, исцедете го сокот од овие состојки, па ставете ги сите во тенџере и оставете да се крчка на оган околу половина час, мешајќи повремено.
Потоа извадете ја смесата од оган, оставете да се излади целосно, а потоа додадете мед и измешајте. Истурете ја смесата во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер до два месеци.
Земете лажица од оваа смеса секое утро на празен стомак.
Оваа мешавина е многу моќна поради состојките што ги има, бидејќи лукот го намалува крвниот притисок, холестеролот, има антибактериски својства, исто така го намалува нивото на шеќер во крвта и добро влијае на респираторните проблеми.
Ѓумбирот е одличен за здравјето на срцето, ја подобрува циркулацијата, а на овој орган влијае и лимонот, кој исто така ја регулира работата на срцето.
Јаболковиот оцет помага при исфрлање на токсините од организмот, а истовремено содржи и бројни здрави минерали, витамини и ензими, додека медот, освен што влијае на холестеролот, помага и во борбата против бактериите, содржи антиоксиданси и го намалува ризикот од срцеви заболувања.