Рада за сопругот на Тања Савиќ: Душан беше секогаш “ФИН” со мене!

- Advertisement -

Пејачката Рада Манојловиќ наводно ќе се мажи за своето долгогодишно момче и колега Харис Берковиќ. Парот е во врска веќе шест години, а гласините за претстојната венчавка почнаа поради нејзиниот престој во Градачац, каде живее младиот пејач.

Неименуван извор тврди дека пејачката последните месеци редовно престојува со Берковиќ кај неговите родители, а Рада и Харис наводно веќе разговарале за венчавката со родителите и добиле поддршка.

Пејачката не се огласи по овој повод, но досега неколку пати истакна дека не брза да се омажи.

- Advertisement -

“Моите се среќни кога јас сум среќна, не ме замараат со некои формалности. Ако ме прашате, бебето е многу поважно од бракот”, изјавуваше пејачката порано.

Рада неодамна заврши на насловните страници поради „расправијата“ на Јелена Карлеуша со Ким Кардашијан – додека Јелена пишуваше дека ријалити ѕвездата ја копирала, пејачката сподели слики од комбинацијата што го запали Инстаграм и истакна дека таа ја носела прво .

Пејачката Рада Манојловиќ пред неколку месеци се пресели од Белград во семејната куќа во Четереш, со татко ѝ, и сестра ѝ.

Поради пандемијата, и таа престана да работи, па затоа сега живее од прегледи на каналот на ЈуТјуб.

„Рада беше меѓу најбараните пејачки, секогаш имала закажано настапи со месеци однапред. Нејзиниот хонорар е во просек околу 5.000 евра, па месечно ставаше дури 40.000 евра во џеб “, изјави неименуван извор близок на пејачката и продолжи:

„Сега кога нема настапи, заработува за живот од прегледите на каналот Јутјуб, но не се жали. Може да заработи од 500 до 1.500 евра месечно и вели дека тоа ѝ е доволно во оваа ситуација затоа што има луѓе кои немаат ни за леб.

Приватниот живот на српската пејачка Тања Савиќ, изминативе месеци е една од главните теми во регионалните медиуми, барем кога станува збор за естрадата.

Приказната почна во април, кога нејзиниот сопруг Душан и ги зеде синовите и ги однесе во Австралија, а оттогаш пејачката ги нема видено децата и во јавноста изнесе шокантни детали од својот брак.

Деновиве за Тања и нејзината ситуација проговори нејзината колешка Рада Манојловиќ во интервју за „Скандал“.

„Да, ама не толку добро, меѓутоа доволно добро за да кажам дека секогаш беше фин со мене и мојата сестра. Дури јас и мојата сестра еднаш бевме кај нив и не можам ништо да кажам – вели Рада.

-Да, знам по нешто но не ги знам сите детали. Ја знам суштината но се оградив од сето тоа бидејќи јас ги познавам и Душан и неа.

Рада посочува дека го познава Душан онолку колку да каже дека е многу фин. Таа отки дека со нејзината сестра и со неа се однесувал културно, и дека биле на гости во нивниот дом, каде исто така Душан бил фин и гостопримлив.

Да, баш изгледаа како млад заљубен пар и децата им се прекрасни и воспитани. Жал ми е секогаш кога едно семејство се распаѓа, но не можам да навлегувам во детали за нивната разделба. Жал ми е што поминуваат низ сето ова.

На прашањето дали се допишува со Тања Савиќ, таа вели дека комуницираат на Инстаграм, но дека тоа е сосема нормална комуникација.

Јас никогаш не сум сакала да се мешам, само и понудив моја помош ако и е потребна. Ја посоветував само околу новинарите, вели Рада за “Skandal i Svet”.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави