Ракописот го открива карактерот, но и проблеми со здравјето: Начинот на кој пишувате крие симптом на честа болест

- Advertisement -

Анализата на ракописот открива многу работи за карактерот на една личност. Дали знаете дека пишувањето може да открие и каков е вашиот крвен притисок?

Кога пишуваме постојат три начини на кои пенкалото или моливот го допираме до хартијата. Токму ова открива многу.

Силно притискате

- Advertisement -

Луѓето кои пишуваат како да сакаат да го „пробијат“ листот со пенкалото се енергични, посветени, сериозни и не сакаат да губат време. Понекогаш се под стрес или големо оптеретување бидејќи мислат дека сиот товар е на нив. Би било добро повремено да се опуштат и да побараат помош. Можно е лесно да се навредат на критика.

Слабо притискате

Луѓето кои пишуваат лесно, едвај оставајќи трага на хартијата се многу чувствителни. Тие се вистински емпати и одлично ги разбираат сите останати. Повремено им е потребно некој друг нив да ги разбере поради што треба да бидат погласни и поотворени. Другите понекогаш ги сметаат за премногу тивки и затворени.

- Advertisement -

Притисокот варира

Напишете неколку реченици и погледнете дали некои букви се послабо, а други посилно напишани. Притисокот кој варира додека го држите пенкалото може да биде индикатор за висок крвен притисок, особено доколку почнете послабо да пишувате, па потоа буквите стануваат се појасни и подебели.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави