Растение кое мора да го имате дома: Лекува бронхитис, воспаление на грлото и синусите, проблеми со варењето…Маслото од лаванда уште се нарекува и ‘мајка на сите етерични масла’. Освен тоа, ова чудесно растение помага во смирување многубројни тегоби.
Од оваа билка се прават чаеви, етерични масла, омекнувач за алишта, но се користи и за инхалација. Етеричното масло од лаванда нема штетни дејствија, можат да го користат и постари и помлади и помага за многубројни тегоби и заболувања.
Ако не сте знаеле, лавандата е одличен сојузник во бробата против алергии, астма, бронхитис, воспаление на грлото, инфекција на усната шуплина, кашлица, воспаление на синусите, конјунктивитис, мигрена, главоболка, изгореници, исеченици, депресија, стрес, хипертензија, лош здив и варење.
Лавандата исто така има силни антисептички својства. Маслото од лаванда може да биде одлично средство за дезинфекција и добра замена за алкохол. Освен тоа, лавандата може да ја смири иритираната кожа и затоа се препорачува како природно средство за регулирање на масна кожа, акни, псоријаза, егзема и дерматитис.
Кога се меша со други билки како камилица и рузмарин, дејството е посилно.