Да се положи возачки испит е стрес и предизвик, но стручњаците ве советуваат да не се откажувате никогаш.
Според најновите статистики, анонимен маж од Велика Британија 157 пати паднал на возачкиот испит.
Тој потрошил околу 3.000 фунти и дури сега може да го полага практичниот дел, тн. градска.
„Вистината е она што тие го велат: „Ако не успееш на почетокот, обиди се повторно и повторно. Полагањето на возачки тест може да биде еден од најтешките животни предизвици и на некои од нас им треба многу повеќе обиди од другите“, изјави Марк Тони, директор на Select Car Leasing.
Тој има сериозна конкуренција: втора по ред е жена која полагала теоретски дел од испит 117 пати и допрва треба да го положи, додека третото место припаѓа на 48-годишна жена, која го поминала тестот од 94. обид.