Русите, кои редовно прибегнуваат кон народни лекови, дури и кога нема здравствени проблеми, ги пијат овие чаеви секој ден за да го зајакнат организмот




Овој период од годината нашиот одбранбен систем обично опаѓа, а овие руски чаеви за имунитет ќе нѐ заштитат од болести.




Домашните, народни чаеви поволно делуваат на функционирањето на целиот организам. Ги нарекуваме пијалоци од народната аптека, исклучително се здрави и може да се пијат без дозвола од лекар, освен во екстремни случаи кога не се препорачува комбинирање со одредени лекови.




Иако секој чај е особено „добар“ за одреден проблем, сите тие имаат нешто заедничко – помагаат во зајакнувањето на одбранбениот систем на организмот.




А овој ефект е најизразен во само три вида чај. Русите, кои редовно прибегнуваат кон народни лекови, дури и кога нема здравствени проблеми, ги пијат овие чаеви секој ден за да го зајакнат организмот.




ЧАЈ ОД МОРСКИ ТРН Бобинките од морскиот трн се богати со витамини и хранливи материи, го зајакнуваат имунолошкиот систем и помагаат во „лечење“ на настинки, запек и кардиоваскуларна дистонија.




Се бори против инфекции и воспаленија, ја подобрува функцијата на мозокот, па дури и помага при предвремено стареење. Бонусот е што навистина го подигнува расположението и ја „лечи“ летаргијата и депресијата кои се типични во овој период.




Скршете 100 гр од морски трн, бобинки. Додадете 2 лажици цимет, мед и анасон. Содржината прелијте ја со врела вода. Се остава да отстои 5-7 минути и се пие.




Чај од липа Липата има антиинфламаторно, диуретично и аналгетско дејство, а чајот од ова растение помага при лекување на настинки. Во 2 dl зовриена вода ставете 1 лажица голема суви листови липа. Добро затворете и оставете да отстои околу 25 минути, а потоа испијте.




Чај од куркума Индискиот зачин куркума има бројни лековити својства, антиоксидантни, антиинфламаторни, антивирусни, антибактериски и антигабични. Сварете 1 литар вода, а потоа додадете 1 лажица куркума. Оставете да се крчка 10 минути. Процедете го напитокот и пијте по 1 чаша 2-3 пати на ден.