Сируп од бозел: Домашен бабински рецепт за сок со вкус на пролетта
Бозелот е пролетно растение, чиј мирис и арома нè тера да го складираме и за наредните месеци. Најпопуларните варијанти за консумација на цветот од бозел се како дел од смесата за палачинки или во облик на сируп и чај.




Бозеловите цветови се берат на сончево време и тоа само оние кои се потполно расцветани. Внимавајте каде го берете бозелот – загадените места и каналите никако не се добра опција, па затоа обидете се да пронајдете некоја изолирана грмушка од оваа мирисна и лековита мајска убавица.




Рецептот за сируп од бозел е мерка за отприлика 4 литри сируп – слободно прилагодете ги количините според Вашите потреби. Тоа значи дека на 10 цветови се користат еден литар вода, еден килограм шеќер и еден лимон, односно на 100 цветови ќе Ви бидат потребни 10 литри вода, 10 килограми шеќер и 10 лимони, по можност непрскани.




Исто така, ќе Ви бидат потребни и поголем сад и повеќе стаклени шишиња со затворачи. Што се однесува до полесната варијанта на овој рецепт со помалку шеќер, едно имајте на ум – шеќерот е природен конзерванс, а со намалување на неговата количина при припремата, ризикувате од краток рок на сирупот.




Потребни состојки:
• 30 цветови бозел
• 3 литри вода
• 400 гр. лимонска киселина
• 3 лимони
• 3 килограми шеќер




Подготовка:
1. Потопете ги цветовите од бозел во вода, а потоа додадете ја лимонската киселина и лимонот, исецкан на кришки. Добро промешајте и оставете да одстои 24 часа на студено и темно место.




2. Наредниот ден, процедете ја течноста, а потоа додадете го шеќерот и добро промешајте. Оставете да одстои уште 24 часа, со повремено мешање.




3. По 48 часа, сирупот е спремен за складирање во стаклените шишиња. На овој начин можете да го чувате сирупот од бозел и до година дена, добро затворен на студено и темно место.