Рецепт за најкрцкавите и највкусните чварки

- Advertisement -

Набавете прво сланина и исечете ја на не многу големи парчиња, приближно 3 см дебели и 8-10 см долги. Вака исечени ставете ги во голем сад (кофа, вангла, лонец или слично) и прелијте ги со ладна вода. Ова се прави за да искисне добро и да се испере од нив крвта која останала.

Ова се прави одвечер, се накиснува, променувате неколку води, повторно налевате вода и ја оставате сланината цела ноќ да кисне, па следниот ден уште 2-3 пати ја менувате водата, па кога ќе видите дека нема крв, тогаш е спремна за пржење.

Ова измивање на крвта е неопходно, затоа што крвта лесно се расипува и потоа маста добива многу лош мирис.

- Advertisement -

ОДБИРАЊЕ

Се користи само надворешна сланина, која се наоѓа под кожата, бидејќи е најчиста и нема лош мирис. Внатрешната маст се топи посебно од сланината затоа што таа има пониска точка на топење, брзо се растопува, а остатоците од оваа маст се залепуваат на самото дно од тенџерето, загорува и маста добива лош мирис и лоша боја.

Маста околу цревата исто така, воопшто не се топат, тоа се фрла зошто навистина има многу лош мирис. Ако некој ја топи оваа маст, нека ја топи посебно од сланината.

ПРВА ПОСТАПКА-ТОПЕЊЕ НА МАСТ И ОДВОЈУВАЊЕ НА ЧВАРКИ

Добро измиената сланина ставете ја во големо тенџере. Налејте вода колку да се покрие дното. Потоа се загрева на умерен оган се додека да се одвои маста, а за тоа време водата испарува.

Цело време се промешува и се внимава да не загори. Кога чварките ќе добијат розова боја, а маста станала проѕирна, на површината нема веќе меурчиња, се трга тенџерето од оган и преку сито се процедува маста. На тој начин се одделуваат чварките.

МАСТ

Маста за да има подобар вкус, после процедувањето повторно се враќа на оган добро да проврие на брзина, па се трга од оган и приближно на секои 10 кг маст се долева 1 литар млеко и тоа внимателно, зошто лесно може да ви претече.

Повторно вратете на оган и цело време мешате, па кога ќе видите дека млекото почнува да се згрутчува како ситно сирење и да паѓа на дното, тргнете го од огнот. После ова повторно се процедува маста, се остава малку да излади па се се налева во садови (тегли, тенџериња…)

ЧВАРКИ

Во зависност од тоа колку чварки имате, така и постапувате. Ако се малку, тогаш само на кратко ги враќате повторно на оган, ги пропржувате, повторно ги процедувате, ги посолувате и толку.

Но, ако имате поголема количина, тогаш ги враќате повторно во тенџерето на оган, па кога ќе зовријат ги полевате со млеко, па ги пржите додека водата од млекото да испари, а тоа започне да згрутчува и таложи на дното. Тогаш ги тргате од оган, ги процедувате и посолувате. Вака приготвените чварки не можат да се споредат со обичните чварки.

Последни објави

ТАЖНА ВЕСТ: Почина маестро Џамбазов

ТАЖНА ВЕСТ: Почина маестро Џамбазов Веста за смрта на Александар Џамбазов преку социјалните мрежи ја објави неговиот син Игор Џамбазов Си замина нашиот маестро, тивко и...

(Рецепт)РУСИТЕ ГИ ПИЈАТ СЕКОЈДЕН ЗА ДА СЕ ЗАШТИТАТ ОД БОЛЕСТИ: А ќе го направите истото, кога ќе видите КОЛКУ ГО ШТИТИ ИМУНИТЕТОТ

Русите, кои редовно прибегнуваат кон народни лекови, дури и кога нема здравствени проблеми, ги пијат овие чаеви секој ден за да го зајакнат организмот Овој...

ОВИЕ 4 ЗНАЦИ ГИ ЧЕКА ГОЛЕМА СРЕЌА ВО ФЕВРУАРИ Им пристигнува енергија која обилува со убави промени за кои сонувале

Февруари е месец кој го наговестува крајот на зимата – ветува разни езненадување, убави промени и енергија во изобилство. Во...

Се бара личност ДА ЖИВЕЕ ЕДНА ГОДИНА БЕСПЛАТНО НА СИЦИЈАЛИЈА, ама под овие услови

Бегство во прекрасно италијанско село можеби изгледа како невозможен сон, но Airbnb ќе му ја оствари оваа желба на еден среќник. Airbnb бара некој кој...

Сите останаа без текст на автобуска постојка: Постара госпоѓа шокираше со она што го носеше на грбот (ФОТО)

Сцените што може да се видат во јавниот превоз или на автобуските постојки често се неискажливи со зборови. Така, една од нив е направена во...

Поврзани објави

error: Content is protected !!