Рецепт: Исчистете ги вашите бели дробови за само 3 дена

- Advertisement -

Никој од нас нема време да ги примени комплицираните режими на исхрана кои се неопходни за чистење на организмот. Затоа, ви го донесуваме методот кој ќе ви помогне да ги исчистите белитре дробови за само три дена.

Многу луѓе никогаш во животот не запалиле цигара и имаат проблем со белите дробови, додека други се пушачи и по 30-40 години, а ги немаат тие проблеми.

Се чини дека сè е индивидуално, но цигарите сигурно допринесуваат за лошата состојба на белите дробови. Поради тоа, овој метод им е повеќе потребен на пушачите, но без разлика дали сте пушач или непушач, сигурно ќе ви годи да ги исчистите белите дробови од токсини.

- Advertisement -

Еве како да го направите тоа за само три дена.

Два дена пред овој процес би требало да престанете да конзумирате млечни производи, а вечерта пред првиот ден од режимот, испијте шолја билен чај пред спиење.

Тоа ќе помогне за вашите црева да се ослободат од токсините, што е значајно за белите дробови да не бидат преоптоварени во текот на процесот на детоксикација.

Постапка:

Исцедете два лимони во 300 милилитри вода и испијте ја пред појадок.

Испијте 300 милилитри сок од грејпфрут или ананас. Овие сокови содржат природни антиоксиданси кои се важни за здравјето на белите дробови.

Измеѓу појадокот и ручекот испијте 300 милилитри чист сок од моркови. Тоа ќе помогне за да се зголеми алкалноста на крвта.

Во текот на ручекот треба да испиете 400 милилитри сок богат со калиум. Калиумот е клучен елемент за чистење на белите дробови. Рецептот за овој сок следува во продолжение.

Рецепт:

Во соковник исцедете 350 грама пашканат, 350 грама зелени пиперки, 200 грама крес и 350 грама краставици. Тоа би требало да биде мерата за околу 400 милилитри сок.

На крајот, пред спиење треба да испиете 400 милилитри сок од брусница.

Покрај овие сокови, треба да водите сметка и да вежбате во текот на тие денови, доволно да спиете, а можете да направите и топла бања барем 20 минути дневно за да ја зголемите детоксикацијата.

Овој режим можеби ви изгледа малку напорно, но за само три дена ќе почувствувате неверојатни резултати.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави