РЕЦЕПТ: Како да направите фантастични посни сарми?

- Advertisement -

РЕЦЕПТ: Како да направите фантастични посни сарми?Има милион рецепти за посни сарми кои може да ги пробате оваа зима, но ако сакате да послужите совршени сарми на гостите, ова е единствениот рецепт кој ви треба.

Има милион рецепти за посни сарми кои може да ги пробате оваа зима, но ако сакате да послужите совршени сарми на гостите, ова е единствениот рецепт кој ви треба.

Состојки:

- Advertisement -
  • 4 главици кромид со средна големина
  • 2 стапчиња праз
  • 5 средни моркови
  • Малку магдонос
  • 4 чешниња лук
  • 500g ориз
  • 1 компир
  • 2 главици кисела зелка
  • Брашно
  • Вегета
  • Црвен пипер
  • Сол и бибер

Подготовка:

Во поголем сад ставете масло со дебелина од 1 прст. На маслото пропржете го кромидот со празот.

Оризот потопете го во вода.

Лукот ситно исечкајте го, морковот, целерот и магдоносот крупно изрендајте ги и додадете ги сите зеленчуци во пропржениот кромид и праз.

Потоа додајте го процедениот ориз и динстајте 10тина минути.

Тргнете ја мешавината од рингла и зачинете, па додадете го изренданиот компир и 1 рамна лажица брашно.

Одвојте ги листовите од зелка и започнете да ги мотате сармите.

Прелијте ги со вода, покријте ги со неколку цели листови зелка и печете.

Најдобро е да ги печете во земјен сад кој ќе го покриете со фолија. Оставете ги сармите 4 часа на 150 степени.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави