Копривата е позната по својата лековитост, а во тоа особено се истакнува нејзиното семе. Колку е растението помладо, толку неговата медицинска корист е сè поголема.
Во народната медицина семето од коприва се користи во лекување на анемија, но и кај многу други здравствени проблеми.
Копривата пронашла широка примена во народната медицина. Се користи целата билка и нејзините поединечни делови – стеблото, листовите, семето и коренот.
Копривата содржи пантотенска, кофеинска, ферулинска и п-кумаринска киселина, хистамин, ацетихолин, каротен и други каротеноиди како и витамин Ц, К и Б, фитоциниди, хлорофил, танини и протеини. Освен тоа, содржи и железо, калциум и цинк.
Семето од коприва помага при:
- зајакнување на имунитетот
- лекување на анемија
- уринарни инфекции
- регулирање на нивото на холестерол
- зајакнување на забите и коските
- чистење на црниот дроб и крвта
- ревматски тегоби и артритис
- подобрување на работата на ендокриниот систем
- подигнување на либидото
Како се користи?
Семето од коприва најлесно се консумира помешано со мед. Во таа смеса можете да додадете и цеден лимон и јаткасти плодови. Освен што е вкусен, овој витамински микс ќе ви го подигне и нивото на енергија. Доволно е да консумирате една до две лажички на ден.
Семето од коприва можете да го додадете во чаша јогурт или смути, доколку не сте љубител на мед.