Родила бебе од шест и пол килограми, во болницата немале облека за новороденчето

- Advertisement -

Сите биле шокирани кога го виделе бебето.

Една корисничка на Тик Ток ги замолила мајките да споделат приказни за раѓање големи бебиња. Меѓу бројните искуства е и една на мајка која родила бебе од 6.5 килограми.

Во видеото кое е прегледано повеќе од 28.8 милиони пати жената по име Шан сподели фотографија од својот син само неколку моменти откако го родила со помош на двајца доктори.

- Advertisement -

-Вториот син го родиво со царски рез и со помош на двајца доктори. Имаше нешто повеќе од шести и пол килограми. Долг беше 60 центиметри, вели Шан.

Бил најголемо бебе во болницата.

-Нема ни пелени ни облека за него. Од педијатрија донесоа облека која е за бебиња од девет месеци, раскажува мајката.

Сите биле шокирани кога го виделе бебето.

„Докторите го држат како награда“; „Огромно е“; „Девојко, жал ми е за тебе“, „Ме интересира како изгледа денес“; се само дел од коментарите.

Шан вели дека нејзиното големо бебе денес е здраво петгодишно момче кој сака фудбал и бејзбол.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави