Реј Софа од Камбоџа сакал да оди во тоалет кога во водата во тоалетната школка забележал нешто чудно. Прво помислил дека некој претходно бил во тоалетот и не пуштил вода. Но шокираниот сопственик на куќата сфатил дека тоа „нешто“ ја мрда главата и дека всушност се работи за кобра.
Реј пуштил вода и мислел дека кобрата така ќе замине, но таа не исчезнала. Тој побарал помош, но кога стигнале змијата ја немало. Брзо поставиле прекривка преку школката и тоалетот не го коистеле.
„Го користиме другио тоалет и во тој нема да се вратиме додека не сме сигурни дека змијата нема да се врати“, рекол Реј и додал дека е среќен што змијата ја забележал пред да седне.
„Такви работи сум гледал само во филмовите, не сум ни помислил дека тоа може да се случи и во вистинскиот живот“, додал.