Сакате да започнете бизнис за одгледување на овошки, но немате многу пари за да го започнете? Ова е вистинската идеја за вас!
Оваа здрава намирница ја има „на секој чекор“, бидејќи многу лесно успева во Македонија, не е потребна голема грижа околу нив, а има заинтересираност за откуп и можете одлично да заработите! Погодувате за каков бизнис ви зборуваме? Се работи за шипинки!
Оние кои се занимаваат со земјоделие велат дека шипинките се поисплатливи и од лешникот, бараат многу мало вложување, а носат одлични приноси. На површина од 5 хектари, можете да очекувате приноси од 5.000 килограми шипинки. Откупната цена за овој плод е околу половина евро за килограм, а една сандница чини нешто помалку од 25 денари. Од една грмушка се очекува околу 4 килограми плод.
Шипката е повеќегодишна листопадна грмушка, која може да достигне висина од 1 до 5 метри. Расте во секакви предели со умерена контитнентална клима, но забележливо е тоа што грмушките кои растат на поголема надморска висина даваат поголеми плодови, наречени шипинки.
Дивата роза, шипката или шипинката е плод кој на мала површина може да даде одличен принос, а и солидна заработувачка. Не е комплицирана за одгледување ниту по прашање на квалитетот на земјиштето, а не бара ниту посебна нега и наводнување. Вложувањата се минимални, а првите значајни приноси може да ги очекувате по третата година.
Извор: Скопје инфо