Сања Кужет плачеше поради овие зборови на победникот на Ѕвездите на Гранд, Махир Мулалиќ

- Advertisement -

Најдобар кандидат во овогодишното натпреварување во музичкото шоу “Ѕвездите на Гранд, кое траеше речиси две години, поради пандемија на корона вирус, e Махир Мулалиќ од Босна и Херцеговина.

Второ место според бројот на гласови од публиката го доби Исак Шабановиќ, третото нашиот претставник Мите Стоилов и четвртото Валентина Кузмановиќ.
Кандидатот покрај добивање статуа од продукцијата на Гранд, доби кола марка “Шкода“, две композиции од продукцијата на Гранд, како и комплетен маркетинг.

За разлика од минатогодишните натпреварувања, ововогодинешниот победник нема да добие стан, бидејќи, како што вели Саша Поповиќ, продукцијата нема финансиски средства поради кризата.
Махир Мулалиќ од Грачаница ја извојува победата во 14-та сезона на „Ѕвезде Гранда“, а како гостин во емисијата на Гранд откри дека триумфот и го посветил на неговата мајка, која по-чина на натпреварот од последиците на вирусот корона.

- Advertisement -

Махир Мулалиќ има 21 година и доаѓа од Грачаница.
Студент е на Машинскиот факултет и обожува да пее, а на фестивалот „Бања Лука“ освои прво место.
Покрај музиката, подеднакво го сака и спортот со кој се занимава во слободно време, а Махир додава дека карактерно е многу комуникативен, амбициозен и нетрпелив.

– Секој од нас можеше да победи, бидејќи ова е дефинитивно најсилната сезона на пеење. Но, луѓето избраа – рече Махир и со солзи во очите продолжи:
– Оваа победа би и ја посветил на мајка ми. Таа беше најголемата сила на ова патување и многу ми е жал што не е тука со мене да слави. Не знам што да кажам мајко, освен што те сакам многу.

Овие зборови ги трогнаа сите во студиото. Неговите другари од финалето беа на нозе и аплаудираа, Сања Кужет плачеше, а Воја Недеjковиќ му ја бакна раката, па со кнедла во грлото побара да им објасни на гледачите што всушност се случило.

- Advertisement -

– Мајка ми се разболе од вирусот корона и за седум или осум дена сè се случи. Почна да се опоравува, сè беше во ред, само во еден момент се случи нешто и нè напушти.
Потоа го прескокнав петтото коло, и во договор со продукцијата и Марија Шерифовиќ, за мене беше најдобро да се вратам во натпреварувањето. Токму тоа беше желбата на мајка ми – објасни победникот на годинешната сезона „Ѕвезде Гранда“.

– Ова ја прави вашата победа поголема затоа што кога ви беше најтешко, бевте најдобри – изјави водителката Весна Милановиќ.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави