Свадба без oро, раkување, музиka на уво – гостите под koнтрола: Еве ги новите протоколи

- Advertisement -

После подолг период конечно граѓаните ќе можат да организираат свадбени прослави. Според најновите одлуки на Владата, свадби може да се организираат но под следните услови:

Организаторот на свадбата ќе мора да ги контролира гостите дали ќе се гушкаат и ракуваат, а доколку тоа се случи, ќе треба да ги опомене и забрани. Според протоколите ваквите прослави може да се организираат само на отворен простор. Танцувањето е дозволено, но само доколку во радиус од 2 метри нема никој покрај лицата кои танцуваат.

За да присуствувате на свадбената прослава ќе треба да имате температура пониска од 37,5, а доколку имате повисока ќе бидете вратени.

- Advertisement -

Во однос на бројот на гостите кои ќе може да бидат дел од прославата, се ограичува на 50 % исполнетост од капацитетот на отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Организаторите на свадбата ќе имаат обврска да водат евиденција за секој свој гостин и списокот на гости да го пријават до одговорниот менаџер на угостителскиот објект во кој се оддржува прославата.

Музичарите ќе мора да бидат оддалечени 5 метри од најблиската маса на гостите. Тие, меѓу присутните ниту смеат да се движат, ниту да им пеат на уво. И во овој дел има ограничување а тоа е дека на свадби ќе можат да пеат само лиценцирани естрадни уметници.

Одговарајќи на новинарско прашање, портпаролот Хоџа рече дека во моментов не може да ја кажат висината на казните за непочитувачите на протоколите, а контролите ќе ги извршуваат надлежните институции.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави