СВР Тетово поднесе кривична пријава против 34-годишен скопјанец осомничен за измама. Триесет и четири годишниот скопјанец седум месеци од Идризово, каде издржувал затворска казна, се претставувал по телефон дека е директор и успеал да измами седум лица од кои „заработил“ 315.000 денари.
Како што соопшти МВР, тој во периодот од 2 јули 2019 до 13 февруари 2020, додека бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ – Скопје, преку мобилен телефон лажно се претставувал како сопственик или раководител на различни фирми.
Тој успеал три лица од Тетово, двајца од Скопје, еден од село Џепчиште и еден од село Беловиште да убеди дека неговата фирма деловно ќе соработува со нив и од нив успеал да земе парични средства од околу 315.000 денари.
СВР Тетово му поднесе кривична пријава за измама.