Сестра ми е мажена и мајка на две деца, работи како продавачка на каса и едвај крај со крај спојува. Родителите ни се од село и живеат сиромашно, па така јас и таа се снаоѓаме во животот како знаеме и умееме.
Ама, сестра ми ја исфрлија од станот зошто не платила кирија за три месеци, па ја викнав да дојдат кај мене. Ќе дојде зима, кај ќе оди, што ќе прави со две деца на улица.
Јас живеам сам во двособен стан, па нека земе една соба. И, тоа излезе дека е многу лоша одлука. Луѓе немате поим како животот ми се загорчи за овие три месеци.
Нејзиниот маже е една мрза тешка, додека таа работи по 12 часа, тој си седи во мојот стан, на мојот кауч, ми го дупна од лежење, гледа ТВ цел ден на мојот телевизор и ми го пие моето пиво за кое јас работам секој ден.
Децата се запуштени, јадат нередовно, викаат, трескаат. Станот ми стана ѓубриште, смрди, неред и расфрлано ми е насекаде. Малку пред спиење средувам, ама следниот ден е исто како да не сум пипнал. Не знам што да правам. Вака повеќе не оди, не можам да издржам, а жал ми е за сестра ми е децата, како да им кажам да си одат.
Девојка ми престана да доаѓа, не сум наспан убаво веќе со месеци откога се дојдени, што е премногу, премногу е.