Сестра ми не ме покани на свадбата: И вие сигурно ќе заплачете кога ќе чуете зошто го направи тоа

- Advertisement -

Жена призна дека знаела оти свадбата ќе биде „многу инстаграмска“.

Сакате вашето семејство да ве сака и прифаќа без оглед на тоа како изгледате. Но, една жена се посомнева дека тоа не важи за нејзиното семејство, откако не добила покана за „многу инстаграмска“ свадба на нејзината сестра – и почувствувала дека тоа можеби е поради нејзиниот изглед.

Таа раскажа дека свадбата на нејзината сестра била закажана за август минатата година, и како што одминуваше времето, станувало јасно дека таа и нејзиниот сопруг не се поканети. „Ја прашав мајка ми и таа ми го потврди тоа, рече дека го прашала татко ми и тој само рекол дека не сака да се меша“, објаснила жената на форумот Mumsnet.

- Advertisement -

Жената призна дека знаела дека свадбата ќе биде „многу инстаграмска“, и дека таа и нејзиниот маж „не се вклопуваат“ во таа естетика.

„Сите нивни пријатели се гламурозни, а ние сме обични и дебели“, изјавила, и додала: „Ги поканија сите освен нас.“

Потоа прашала дали е „нерационална“ што се чувствува „тажно и повредено“ затоа што не била поканета на свадбата.

- Advertisement -

„Па, сега знаеш што навистина мислат за тебе. Немаат потреба повеќе ни да се претвораат“, бил еден од коментарите.

„Само игнорирај ги отсега. Го покажаа своето вистинско лице. И биди среќна што не мораш да трошиш илјадници фунти за да одиш во странство и да славиш свадба на некоја која е кучка. Не им ни праќај подарок. Нема покана, нема подарок“, бил уште еден коментар.

- Advertisement -

А вие што мислите? Како би постапиле во ваква ситуација?

Последни објави

spot_img

Поврзани објави