Огромен астеороид за малку не се судри со Земјата во 2017 година. Сега, истиот тргна назад и во блиска иднина повторно ќе ни се закани.
Пред милиони години огромен атероид удрил во Земјата и уништил 70 проценти од живиот свет, вклучувајќи ги и легендарните диносауруси.
Вселенските карпи обично се распаѓаат на мали парчиња кога влегуваат во земјината атмосфера, некои дури и целосно согоруваат, но тоа не е случај и со оние огромните. Колку поголем е астеороидот, толку полошо ни се пишува, особено ако траекторијата му се поклопува со нашата планета.
Астероидот од 2017 не е голем колку оној кој ги изумрел диносаурусите, но сепак е доволно масивен за да направи штета при колизија со Земјата. Токму тој сега повторно се враќа откако во 2017 мина блиску, но сепак на безбедна оддалеченост.