Тема која подолго време е актуелна е прашањето како ќе изгледаат ковид пасошите? Европската комисија го претстави проектот Дигитален зелен сертификат во средата и смета на брзо спроведување во Советот и во Европскиот парламент. Надежите се дека системот за сертификати ќе профункционира до почетокот на летото.
Дигиталните зелени сертификати се наменети за олеснување на безбедно движење во ЕУ за време на пандемијата. Тие ќе покажат дека лицето е вакцинирано против КОВИД-19, било тестирано негативно или имало прележало корона вирус. Ќе биде достапен бесплатно во дигитална или печатена копија и ќе содржи QR-код за да се осигура безбедноста и автентичноста на сертификатот.
Комисијата ќе воспостави портал за да ги направи сите вакви сертификати проверливи низ ЕУ и ќе ги поддржува земјите-членки во техничката имплементација на системот за сертификација.
Одлуката за ограничувања на јавното здравје што можат да бидат изземени за патниците ќе остане во дискреција на земјите-членки, но овие исклучоци ќе треба да важат подеднакво за сите патници кои поседуваат дигитален зелен сертификат.
– Дигиталните зелени сертификати се решение ширум ЕУ што ќе им обезбеди на граѓаните на ЕУ хармонизирана дигитална алатка за поддршка на слободно движење (луѓе) во рамките на ЕУ. Тоа е добар сигнал за помош при реконструкција. Нашата главна цел е да обезбедиме не-дискриминирачка и безбедна алатка за употреба што „гарантира целосно почитување на слободното движење (на луѓето) во ЕУ. Исто така, продолжуваме да развиваме конзистентен меѓународен пристап со други партнери“, рече потпретседателката на Европската комисија Виера Јурова
Како ќе работат дигиталните зелени сертификати?
Дигиталните зелени сертификати вклучуваат три типа на сертификати: вакцинација, резултат на тест (PCR или брз тест за антиген) и за луѓе кои се опоравиле од КОВИД-19.
Комисијата ќе создаде портал и ќе ги поддржува земјите-членки во развојот на софтвер што им овозможува на надлежните органи да ги проверат потписите на сите сертификати низ цела ЕУ. ЕК нагласува дека никакви лични податоци содржани во сертификатот нема да го напуштат порталот ниту ќе ги чува земјата-членка што верификува.
Сертификатите ќе бидат достапни бесплатно. Тие ќе се издаваат на официјалниот јазик или јазиците на земјата-членка и на англиски јазик.
ЕК смета дека сите луѓе – вакцинирани и невакцинирани – треба да имаат корист од системот за дигитално сертифицирање кога ќе патуваат во ЕУ.
Оваа обврска ќе биде ограничена на вакцини кои се овластени за пласман низ цела ЕУ, но земјите-членки можат да донесат одлука за дополнително одобрување други вакцини (на пример, руски или кинески).
Доколку некоја земја-членка продолжи да бара од носителот на дигитален зелен сертификат да помине карантин или тест, таа мора да ја информира Комисијата и другите земји-членки и да ја објасни мерката.
Сертификатите ќе содржат ограничен сет на информации, како што се вашето име, датум на раѓање, датум на издавање на сертификатот, релевантни информации за вакцината, резултатот од тестот или закрепнувањето и „единствен идентификатор на сертификатот“. Оваа информација може да се провери само заради проверка на автентичноста и валидноста на сертификатот.
Дигитални зелени сертификати за кого и каде?
Дигиталните зелени сертификати ќе важат во сите земји-членки на ЕУ, а Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија ќе имаат можност за воведување. Тие исто така ќе може да бидат издавани на државјани на трети земји кои престојуваат во ЕУ и на посетители кои имаат право да патуваат во други земји-членки.
Се потенцира дека ова е привремена мерка и ќе биде суспендирана кога Светската здравствена организација (СЗО) ќе објави крај на меѓународната здравствена криза поврзана со КОВИД-19.
Кога ќе се воведат дигитални зелени сертификати?
За предложените правила да стапат на сила пред летото, Европскиот парламент и Советот мора брзо да ги усвојат.
ЕК потсетува дека во моментов, со цел да се обезбеди усогласеност со мерките воведени за ограничување на ширењето на коронавирусот, патниците од ЕУ треба да достават разни документи, како што се медицински сертификати, резултати од тестови или изјави. Поради недостаток на стандардизација на форматот, патниците се соочуваат со проблеми. Имало и случаи на презентација на фалсификувани документи.
На Самитот на ЕУ на 25 и 26 февруари 2021 година, членовите на Европскиот совет повикаа на продолжување на работата на заеднички пристап кон сертификатите за вакцинација.