Се омажила за својот посвоен син! Исповедта на оваа жена крена државата на нозе: Го одгледав од 14 години, сега ми ги одземаа децата

- Advertisement -

Се омажила за својот посвоен син! Исповедта на оваа жена крена државата на нозе: Го одгледав од 14 години, сега ми ги одземаа децата.Прочитајте ја исповедта на мајка која се омажила за својот посвоен син откако го одгледала од 14 години!
Приказната за Ајсила Чижевскаја Мигалим (53) од Татарстан, Русија, ги шокираше експертите за заштита на децата. Таа решила да се омажи за 22-годишниот Даниел Чижевски, посвоениот син кој го одгледа од 14-годишна возраст. Го запознала кога имал 13 години, додека пеел во сиропиталиште. Таа решила да го посвои, а 8 години подоцна нивниот живот се превртел наопаку.

„Нашата врска е совршена. Не можеме да живееме еден без друг. Ние сме на иста бранова должина“, изјавила таа за новинарите.

Мајката и нејзиниот посвоен син се венчале минатата недела, а властите одлучиле да го преземат старателството над нејзините други посвоени деца. Покрај Даниел, Ајсила посвоила уште едно момче и четири девојчиња. Некои деца сега се сместени во домови, додека други се вратени кај биолошки роднини. Ајсила не крие дека сака да ги врати децата, и дека се надева дека ќе успее. Даниел нагласил дека верува оти „семејството ќе може послободно да живее во Москва“. Ајсила наводно има биолошки син од претходниот брак, но подетални информации за ова не се познати.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави