Се пишуваше дека е мртва, но таа е пожива од кога и да е и изгледа како девојче: Пејачката по два разводи, најде ново момче

- Advertisement -

Канадската пејачка Аврил Лавињ (31) го прославила роденденот со својот нов партнер Дерак Рајан Смит (34), кој што на јавноста ѝ е познат по прекарот Муд Сано. Заљубениот пар изгледал многу среќно, постојано се смееле и прегрнувале, бакнувале, но правеле и селфи фотографии за да ги овековечат убавите моменти кои што ги поминуваат заедно.

Познатиот пар неодамна ја обелодени својата врска, а Аврил зад себе има два пропаднати брака, еден со музичарот Дерик Вибли, а вториот со Чед Кругер, фронтменот на групата „Nickleback“.
Аврил долго беше отсутна од сцената, а неодамна беше објавено дека боледува од лајмска болест и дека поминала две тешки години во лечење. По тоа тешко искуство низ кое што поминала таа се посветила на хуманитарната работа и подигнување на свеста за оваа болест.

„Се соочив со тоа дека ќе умрам, го прифатив тоа“, изјавила Аврил.
Но, по долго време состојбата почнала да се подобрува, а тешкиот период од својот живот на пејачката ѝ послужил како инспирација. За оваа девојка речиси никогаш не се поврзуваше ниту еден скандал, како ниту афера. Денеска теоријата за животот на Аврил е една од најголемите во свето на шоубизнисот, а сè започнало на Твитер кога на еден профил беше напишано: „Аврил е мртва, ја заменил нејзин клон“.

- Advertisement -

Звучи неверојатно, но овој твит од само неколку зборови создаде вистинска хистерија која што траеше со години, а која што за цел имаше да се потврди дали бизарната претпоставка е вистина.

Оваа теорија го поддржува фактот дека Аврил починала во 2003 година кога го промовирала својот хит „Complicated“, а дека членови од нејзината издавачка куќа ангажирале двојничка за да продолжат да „берат плодови“ од нејзината слава.

Познат е и идентитетот на наводната двојничка, станува збор за актерката Мелиса Вандел која што наводно Аврил ја обучила, а бидејќи поминале многу време заедно актерката веќе имала карактер како пејачката, па успеала да ја имитира во текот на овие години.

Аврил во 2019 година открила што мисли за заверите кои што се нижат на нејзината сметка:
„Некои луѓе мислат дека не сум јас вистинската јас, што е толку нереално! Зошто некој би помислил на нешто такво?“, кратко прокометирала таа.

Инаку, Аврил на 17 години стана најмладата женска соло изведувачка која што го достигна првото место на најпродавани албуми во Велика Британија.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави