- Advertisement -
Марина Туцаковиќ (67) открила деа наскоро би требало да почне снимањето на филмот за нејзиниот живот и се што преживеала.
Познатата хитмејкерка, која со години се бори со рак на дојката, открила дека заради болеста не е во можност активно да учествува во филмот, но дека би собрала сили да се појави во неколку кадри. Марина признала дека би сакала да ја игра актерката Аница Добра.
– Таа е одлична актерка и би можела без проблем да ме глуми. Нема кој не слушнал за неа и сите мислат дека е одлична, рекла Марина и патем открила дека има моменти кога се чувствува одлично, но има и моменти кога и е лошо.