Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Сиомовски очекува бројот на попишиувачи кој недостига, да се надеокнади во следните денови. Смета дека летните одмори и неинформираноста на граѓаните се виновни за малиот одзив на попишувачи.
-Пандемијата немаше големо влијание за интересот за пријавување на огласот за попишувачи. Нашиот оглас го дадовме во сред лето, кога луѓето се отидени на годишни одмори, или работите во земјоделието се интензивни, кога луѓето отодоа да работат сезонски работи во соседните држави. Меѓутоа немавме друг период.
Пролетниот попис го одложивме за септември и овој период беше единствениот кога можевме да го пуштиме огласот. И јас навистна не очекував дека ќе имаме таков слаб интерес, особено во делот на Скопје, или поточно оние пописни реони кои го покриваат Градот Скопје и околината, но и во Охрид Струмица и Ново село и во пописните реони каде преовладува албанското население, немаме доволни пријавени кандидати во однос на она што не го бараме.
Според Симовски недостасуваат околу 1.000 – 1.500 попишувачи. Оваа бројка е распоредена во 30 реони. Во 20 пописни реони бројката на кандидати задоволува. Тој вели дека за малиот интерес можеби има влијание и пандемијата, но таквото влијание е мало бидејќи конкурсот е објавивме пред 20 дена кога состојбата со бројките на заразени во тој период биле занемарливи.
– На крајот на краиштата погледнете го и однесувањето на граѓаните ние и денес кога имаме троцифрени бројки на новозаразени во текот на денот, повторно инсистираме да немаме мерки на заштита, да одиме на журки и на свадби. Ако имаме страв од попис заради пандемијата зошто немаме стрв од овие работи.
Мислам дека токму ваквото наше лично олабавување при придржувањето на мерките, доведе до ваквата загрижувачка ситуација. Но, од една страна да викаме се плашиме од пописот, нејќеме да бидеме попишувачи а од друга страна сакаме да седиме по кафеани, па дури ни смета дали да бидеме вакцинирани за да седнеме во кафеани, вели Симовски.