Додека влијанието на антителата поттикнати од вакцината Синофарм имаат добар неутрализирачки ефект кај сите соеви, за Синовак проблем претставува јужноафриканската мутација
Кинеската национална фармацевтска компанија „Синофарм“, врз основа на резултатите од третата фаза на клинички испитувања добиени од странство, ќе процени дали ќе биде потребна и трета, по примените две дози од нивната вакцина.
Антителата кои се активираат по две дози од вакцината „Синофарм ковид-19“ имаат „прилично добар“ неутрализирачки ефект врз мутациите на коронавирусот кои се појавија во Велика Британија и Јужна Африка, како и на неколку други, вели потпретседателот на кинеската национална биотек група, подружница на „Синофарм“, Занг Јунтао, повикувајќи се на резултати од лабораториски тестови по земање мостри. учесници.
Во тек е лабораториско тестирање за варијанти пронајдени во Бразил и Зимбабве.
Ефектот на антителата предизвикани од вакцината „Синовак Биотек“ пак, се намалил кај варијантата идентификувана во Јужна Африка, додека ефектот против варијантата пронајдена во Велика Британија остана сличен на оној против постарата варијанта од Вухан, тврди генералниот директор на „Синовак“, Џиао Кианг.
Компанијата сега увезува варијанта од Бразил за истражување и развој на вакцини, а се работи и на прилагодување на вакцината на јужноафриканската варијанта.
Во меѓувреме, компанијата ја тестирала и третата доза во клиничките испитувања спроведени во Кина, каде учесниците во студијата ја примиле третата доза околу осум месеци по приемот на втората.
Според одговорот на антителата, јужноафриканската варијанта може да претставува поголема опасност од другите. Антителата добиени од само една доза на оваа вакцина покажале приближно четирикратно намалување на нивната способност да ја блокираат јужноафриканската варијанта, што не е случај со другите соеви.