СИТЕ ВО ДРЖАВАТА ЌЕ МОРА ДА ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДО 64 ГОДИНИ

- Advertisement -

За жените останува редовното пензионирање на 62 години, но ќе може да се пензионираат и на 64 години, по нивен избор. Кај мажите останува границата од 64 години.

Новата измена на предложените закони во Собранието, од страна на група пратеници, е што сите во државата ќе мора да одат во пензија задолжително до 64 години. Сега работникот, доколку сака, може да работи до 67 години, со тоа што ќе достави писмено барање до работодавачот. Во иднина оваа можност ќе важи само за неколку категории, како лекарите и универзитетските професори.

Пратениците предлагачи на измените велат дека во Собранието има политичка волја од сите партии да се реши ова прашање. Синдикатот бара враќање на стажот како услов за пензионирање. И повеќе можности- предвремена старосна пензија по возраст, докуп на стаж и бенифициран стаж за одредени категории.

- Advertisement -

Можност за докуп на стаж со цел остварување на право на пензија, засега не се разгледува. Власта вели дека тоа е изборно ветување што ќе се реализира во вториот дел од мандат. Во моментов граѓаните може да откупуваат стаж само ако имаат наполнето 65 години, и не им се платени сите придонеси за да соберат минимум 15 години за одење во пензија.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави