Си барал црвчиња во дворот, па нашол фосил стар 488 милиони години

- Advertisement -

Детето вели дека копало низ дворот во “потрага по црвчиња” кога неочекувано пронашол предмет стар милиони години.

Шестгодишно дете од Велика Британија пронашло фосил стар стотина милиони години со помош на детски алат за барање на фосили кој го добил на подарок за Нова година.

Сидак Синг Џамат, кој има прекар Сид, вели дека бил возбуден кога во својот двор во англискиот град Валсал пронашол Фосил.

- Advertisement -

Неговиот татко Виш Синг преку Фејсбук група во која членува, подоцна успеал да дојде до информации дека станува збор за остаток од корал.

Виш Синг проценува дека фосилот е стар меѓу 251 и 488 милиони години.

“Копав во потрага по црвчиња и предмети како што се остатоци од грнчарија и цигли, кога го пронајдов овој камен кој личи на рог, но помислив дека можеби станува збор за заб, канџа или рог, а всушност се работи за остаток од корал”, вели детето.

“Беше вистинско изненадување да се пронајде предмет со толку необичен облик…Прво го пронашол коралот и некои помали делови покрај него, а ледниот ден и цел блок песок”, додава таткото.

“Во песокот пронајдовме многу школки и разни други праисториски фосили”, наведува тој.

Синг постариот вели дека фосилниот остаток веројатно припаѓал на коралот ругоса, за кој се проценува дека постоел во палеозоикот – пред 251 и 488 милиони години.

Семејството нагласува дека не живее во делот на земјата кој е познат по фосилите, но дека во нивниот двор, каде што се пронајдени фосилите, има многу природна глина.

 

Последни објави

spot_img

Поврзани објави