СЛУЧАЈ КОЈ ГИ ЗБУНИ СИТЕ ЛЕКАРИ – онколошки пациент успеал да оздрави од короната, а потоа се случило чудо

- Advertisement -

Медицинската заедница остана запрепастена по објавувањето на случајот со 61-годишен пациент во болницата Ројал Корнвол во градот Труро во Велика Британија. Имено, тој дојшол на преглед минатото лето откако му бил дијагностициран Хочкинов лимфом, редок карцином на крвта.

Оваа болест се јавува кога белите крвни клетки излегуваат од контрола и се шират на лимфните јазли, додека се третира главно со хемотерапија.

Неколку дена откако лекарите дознале дека неговите гради се полни со тумори и пред почетокот на третманот, човекот бил примен во болница затоа што имал тешки симптоми на ковид. За среќа, тој целосно се опоравил, а потоа следел уште еден шок, а тоа е кога се утврдило дека ракот целосно се повлекол, пишува Телеграф.

- Advertisement -

Ненадејна ремисија во Хочкиновиот лимфом е можна, но исклучително ретка. Само неколку десетици такви случаи се пријавени во светот, а текст за овој случај е објавен во британското списание за хематологија.

Сара Чалонер, докторка во болницата Ројал Корнвол, вели: „Сметаме дека ковид-19 предизвика анти-туморен имунолошки одговор.“ Таа додаде дека медицинскиот тим верува дека Т-клетките, кои се борат против инфекциите во телото, исто така можат да ги напаѓаат клетките на рак и со тоа да доведе до ремисија.

Сепак, други клиничари апелираат да не се прават предвремени заклучоци за овој случај. Мартин Ледвик од истражување на ракот во Велика Британија вели: „Во оваа фаза е рано да се носат заклучоци затоа што тоа може да биде случајност. Секој што се лекува од рак треба да го следи советот на лекарот и да се заштити од инфекција на ковид. И ги охрабруваме сите пациенти да се вакцинираат “. Инаку, италијанското медицинско списание „Акта биомедика“ минатата година опиша сличен случај што се случи во болницата во Кремона во Италија.

- Advertisement -

Извор Блиц жена.рс

Последни објави

spot_img

Поврзани објави