Слушнете ја „Иста судбина“: Атиџе и Турунџиева ги споија гласовите во дует (ВИДЕО)

- Advertisement -

Двете дами ги поврзува љубовта кон пчелите, кон животните, а особено музиката.

Медената Атиџе и Сузана Турунџиева неодамна за Женски магазин изјавија дека снимиле две дует песни „Добро раѓа добрина“ и „Иста судбина“.

Сега конечно е објавена и аудио верзијата на „Иста судбина“, за која наскоро се планира и видео запис.

- Advertisement -

Атиџе за Женски магазин тогаш изјави:
Имавме идеја со Сузана да воскреснеме некои стари македонски и турски песни заедно со ансамблот Мерак Чалгии, кои се едни извонредно талентирани професионални музичари. Идејата да снимиме нови песни дојде на покана од нашиот најдобар текстописец Огнен Неделковски, поттикнат од нашето пријателство. Музиката и аранжманот се на Роберто Поп Димитров. Бескрајно сме им благодарни што создадоа две прекрасни песни за нас.

Тие сакаат да снимат и заеднички албум и желба им е кога ќе заврши пандемијата да настапат секаде каде што имаат фанови и луѓе кои ги сакаат, а повеќе од нивниот разговор за Женски магазин прочитајте овде.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави