Совети од мудра баба: Животот ми помина во штедење пари, нерви и сила – И ПАК НИШТО НЕМАМ

- Advertisement -

Животот ми помина во штедење пари, нерви и сила, а пак ништо од сето тоа немам. Подобро ќе беше ако трошев.

Советот на оваа мудра и искусна баба (83) е всушност дел од писмото што и‘ го испратила на нејзината пријателка. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Повеќе читам, помалку бришам прашина.

Седам во дворот и се восхитувам на погледот, а плевелот во градината повеќе не ми пречи. Поминувам повеќе време со моето семејство и пријателите, и работам помалку. Кога и да е можно, животот треба да биде образец на пријатни искуства, а не на крајна издржливост.

- Advertisement -

Сега се обидувам да ги препознаам тие моменти и да ги ценам. Не штедам ништо, користиме добар кинески порцелан и кристал за секоја посебна пригода, како што се губење на еден килограм, исправен мијалник кој не капе или прва расцутен ирис. Го носам моето убаво сако кога одам на пазар.

Мојата теорија е дека ако изгледам успешно, можам да потрошам 28 долари на една мала кеса полна намирници. Не го штедам мојот најдобар парфем резервиран за специјални забави, туку си ставам од него за продавачите и службениците во банка.

„Еден ден“ и „наскоро“ ја губат вредноста во мојот речник. Ако вреди нештото да го видам, слушнам или направам, истото сакам да го видам, да го слушнам, да го направам веднаш.

Не знам што би сториле другите доколку на некој начин дознаат дека ете, утре можеби нема да бидат тука, нешто што сите ние го земаме здраво за готово. Мислам дека би ги повикале членовите на семејството и неколку блиски пријатели.

Можеби би повикале неколку поранешни пријатели да им се извинат и да ги срушат бедемите изградени поради кавги од минатото. Сакам да си ги замислувам како излегуваат во некој кинески ресторан на вечера или на некоја храна што најмногу им се допаѓа.

Само си претпоставувам, никогаш нема да знам. Оние мали ситници што не сум ги завршила ќе ме налутеа многу, доколку знаев дека часовите ми се одбројани. Би била лута што не успеав да напишам неколку писма коишто ги планирав да ги напишам деновиве.

Би ми било многу жал што на мојот сопруг и родителите не им говорев доволно често колку ги сакам. Многу се трудам да не штедам, да не се воздржува, да не одложувам било што, што би ми донело радост и смеа во животот.

И секое утро кога ќе ги отворам очите, си велам себеси дека овој ден е нешто посебно. Секој ден, секоја минута, секој здив е дар. Можеби нашиот живот се претворил во поинаква песна од онаа која смен си ја замислувале. Но, сè додека сме овде, и натаму можеме да танцуваме.“

Последни објави

spot_img

Поврзани објави