Совршен рецепт за маринирани тиквички

- Advertisement -

Со овие маринирани тиквички на дофат ќе имате совршен прилог за риба или месо, како и додаток на најразлични салати и предјадења.

Одлично одат во комбинација со сендвичи или месо и лепче на скара. Подготовката воопшто не е комплицирана, ниту е потребно долго време. Италијанците обожуваат маринирани тиквички, а често ги ставаат во мешавина од масло, оцет и сув зачин, па на скара но може да се јадат и свежи.
Потребни состојки за маринирани тиквички:

  • 3 средни тиквички
  • 2 лажички сол
  • 300 мл оцет
  • 250 мл маслиново масло
  • 5 чешни лук
  • 2 лажички оригано
  • 2 лажички сув магдонос
  • лажичка чили или црвен пипер
    Подготовка:
    Тиквичките излупете ги исечете ги тенко колку што можете, па посипете ги со половина лажичка сол и оставете ги така околу половина час.

    Во сад ставете масло, па додадете ги излупените чешни лук, остатокот од солта, магдоносот и чилито. Загрејте на тивка температура, но да не зоврие. Оставете неколку минути на топло па извадете го лукот и тргнете го на страна.
    Исцедете ги тиквичките од вишокот вода, па сложете ги во тегла и нежно притискајте со лажица. Прелијте ги со маринадата и ставајте по едно лукче во секоја тегла. Теглите ставете ги во фрижидер и оставете ги преку ноќта. Тиквичките е најдобро да ги изедете во текот на неделата.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави