Важно е да знаете дека видот и количината храна која ја јадете има клучна улога во одредување на нивото на енергија во вашето тело.




Недостатокот на енергија може да влијае на извршување на секојдневните активности и така да нè направи помалку продуктивни.
Меѓутоа, консумирањето на намирници како што се банани, јајца или јаболка, можат значително да го зголемат нивото на енергија во нашето тело во текот на денот.
Многу од луѓето чувствуваат пад на енергија во текот на денот, што е нормална појава.
Меѓутоа, важно е да знаете дека видот и количината храна која ја јадете имаат клучна улога во одржување на енергијата.




Банани
Бананите можеби се една од најдобрите енергетски намирници. Прекрасен извор на сложени јаглени хидрати, калиум и витамин Б6 кои можат да помогнат во зголемување на нивото на енергија.




Риба
Рибата како што е лосос или туна, се добар извор на протеини и масни киселини како и витамин Б. На пример порција лосос или туна ја исполнува дневна количина на омега-3 масни киселини и витамин Б12 која се препорачува, а докажано е дека омега-3 масните киселини ги намалуваат воспаленијата, што е честа причина за умор.




Јаболко
За јаболката често се зборува дека се меѓу најздравото овошје на светот, а добар извор се на јаглени хидрати и растителни влакна. Благодарение на богатата содржина на природни шеќери и растителни влакна, јаболката можат да обезбедат споро и трајно ослободување на енергија.




Јајца
Јајцата не се само прекрасни на вкус туку и храна која дава многу енергија која може да ве зајакне во текот на денот. Богати се со протеини кои можат да ви дадат стабилен и одржлив извор на енергија.
Исто така јајцата се богат извор на витамините од Б групата, а истите помагаат ензимите да извршат тоа што треба во процесот на разградување на храната.




Кафе
Кафето најчесто е првата намирница на која помислувате кога сакате да го подобрите нивото на енергија. Богато е со кофеин кој може брзо да дојде во мозокот преку крвотокот и да ја зголеми активноста на оние работи кои го смирува централниот нервен систем.