Сок од зелка – најдобар против болестите на желудникот и цревата

- Advertisement -

Да се потсетиме на заборавениот крал на природните лекови…

Сокот од зелка се користи како лек за желудникот, но и како здрав пијалак којшто изобилува со витамини и минерали. Тука мислиме на сокот од слатката зелка, бидејќи на сите нас ни е добро познат и сокот од кисела зелка.

Најдобар сок е оној од свежа, млада и слатка зелка. Овој сок уште одамна е познат како сок којшто спречува болести на желудникот, гастритис и чир, но има и други здравствени бенефити од него. Постојат и луѓе на коишто сокот од зелка не им одговара, бидејќи предизвикува надувување, и тие би требало да го ограничат вносот на овој сок или да го избегнуваат.

- Advertisement -

Здравствени бенефити од сокот од зелка
Сокот од зелка изобилува со антиоксиданти и е добар во одбраната на организмот против ракот. Зелката всушност се наоѓа на највисоката скала на намирниците коишто се добри како превентива против ракот. Се смета дека е особено делотворен ако се консумира редовно, и тоа главно против канцер на желудникот и дебелото црево, градите и белите дробови. Сокот од зелка има и благо лаксативно дејство, што значи дека е корисен за редовно празнење на цревата, односно против затвор.

Овој сок ја содржи амино киселината глутамин, којашто има клучна улога во чистењето на цревата и воопшто, целиот организам, ја зацелува оштетената слузокожа на желудникот (чир), регенерира и води кон оздравување. Сокот од зелка содржи корисни состојки кои помагаат и за да се подобри крвната слика во случај на анемија. Го зајакнува и имунитетот кај сите оние коишто го консумираат редовно бидејќи содржи значајно количество на витамин Ц.

Овој пијалак е исклучително погоден и за сите оние коишто се борат со вишок на килограми. Содржи малку калории и може да се консумира во комбинација со било која друга диета.

А освен за внатрешна, се користи и за надворешна употреба во случај на чиреви, пликови и рани на кожата.

Нутритивна вредност на сокот од зелка
Во сокот од зелка во 1952-та година е пронајден витаминот У, којшто го спречува настанокот и го лечи чирот на желудникот и дванаесетопалечното црево. Витаминот У го добил својот назив по латинскиот збор ulcus, што значи чир. Освен тоа, сокот од зелка содржи и други вредни состојки, како што се витаминот Ц, фолната киселина, витаминот Б3, аминокиселини и јаглени хидрати, коишто лесно се апсорбираат.

Од минерали, содржи калиум, калциум, магнезиум, натриум и железо.

Подготовка на сок од свежа зелка
Најдобро е свежата зелка да се исцеди во соковник. Може да користите и бела и црвена зелка. Главицата најпрво добро се плакне и се сече на парчиња коишто може да се стават во соковникот. Процедурата е иста како да подготвувате сок од некое друго овошје или зеленчук.Сокот се пие без засладување, а по желба може да се комбинира и со друг зеленчук или овошје. Ако сакате пак да го пиете како лек за желудникот, тогаш треба да го пиете чист или во комбинација со морков. Тоа е така затоа што морковот има благотворно дејство на желудникот.

Сокот од зелка како лек за желудникот се пие по три пати на ден, и тоа по 1 децилитар сок, пред оброците.

Сок од кисела зелка
Сокот од киселата зелка или расолницата, пак е спореден производ којшто се добива кога ја киселиме зелката. Има мноштво од корисни состојки во овој пијалак, па токму затоа многумина го ставаат на пиедесталот, но сепак предност би требало да му се даде на сокот од слатката и свежа зелка.

А колку е самата расолница здрава, е тема на којашто се дискутира веќе долго време, поради тоа што при подготовката на кисела зелка се употребува многу сол, па со тоа и сокот од кисела зелка вообичаено е доста солен. Дури и ако пиете расолница, тоа секако би требало да биде во помали количества. Големото количество на сол секако не е добро ниту за крвниот притисок, ниту за желудникот, ниту за бубрезите, како и ниту за сите останати органи.

Последни објави

ТАЖНА ВЕСТ: Почина маестро Џамбазов

ТАЖНА ВЕСТ: Почина маестро Џамбазов Веста за смрта на Александар Џамбазов преку социјалните мрежи ја објави неговиот син Игор Џамбазов Си замина нашиот маестро, тивко и...

(Рецепт)РУСИТЕ ГИ ПИЈАТ СЕКОЈДЕН ЗА ДА СЕ ЗАШТИТАТ ОД БОЛЕСТИ: А ќе го направите истото, кога ќе видите КОЛКУ ГО ШТИТИ ИМУНИТЕТОТ

Русите, кои редовно прибегнуваат кон народни лекови, дури и кога нема здравствени проблеми, ги пијат овие чаеви секој ден за да го зајакнат организмот Овој...

ОВИЕ 4 ЗНАЦИ ГИ ЧЕКА ГОЛЕМА СРЕЌА ВО ФЕВРУАРИ Им пристигнува енергија која обилува со убави промени за кои сонувале

Февруари е месец кој го наговестува крајот на зимата – ветува разни езненадување, убави промени и енергија во изобилство. Во...

Се бара личност ДА ЖИВЕЕ ЕДНА ГОДИНА БЕСПЛАТНО НА СИЦИЈАЛИЈА, ама под овие услови

Бегство во прекрасно италијанско село можеби изгледа како невозможен сон, но Airbnb ќе му ја оствари оваа желба на еден среќник. Airbnb бара некој кој...

Сите останаа без текст на автобуска постојка: Постара госпоѓа шокираше со она што го носеше на грбот (ФОТО)

Сцените што може да се видат во јавниот превоз или на автобуските постојки често се неискажливи со зборови. Така, една од нив е направена во...

Поврзани објави

error: Content is protected !!