По пауза од три недели, повторно беа отворени угостителските објекти и скопско Дебар Маало беше затнато со коли паркирани пред кафеаните. Долж улицата Орце Николов кај Боемска улица уште од претпладне беа паркирани десетина коли, па тоа создаваше метеж во сообраќајот бидејќи возилата не можеа да се разминат.
Во овој дел од градот поради реконструкција на првиот дел од улицата Орце Николов има посебен сообраќаен режим, па колите паркирани пред кафеаните дополнително создаваат хаос.
Полиција немаше, ниту пак пајак служба да интервенира.
Просториите на Општина Центар се на неколку метри од улицата која е целосно е блокирана.
Во Скопје, ниту полицијата ниту градските и општинските власти немаат решение за проблемот со паркираните возила пред кафеаните.