Сопрете ја кашлицата за 1 ден…Исчистете ги белите дробови за 3 дена…ДОМАШЕН СИРУП.Соперете ја кашлицата за 1 ден…Исчистете ги белите дробови за 3 дена…ДОМАШЕН СИРУП! Ова е еден природен лек за чистење на белите дробови и отстранување на кашлица популарен во народната медицина.
Па дури се случува да го препорачуваат и некои лекари и педијатри. Лесно се прави, а рецептот го споделуваме со вас бидејќи искуствата за овој сируп се многу добри.
Веднаш го ублажува гребењето на грлото или сувата кашлица, а влажната кашлица брзо поминува. Тоа е многу добар сируп кој ќе ги исчисти белите дробови и дишните патишта.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 500 г кромид
- 3-4 ловорови листови
- 200 мл вода + за долевање по потреба
- 250 г мед
ПОСТАПКА:
Исчистете го и исечете го кромидот на четвртинки. Може да остане малку од лушпата ако е чиста, бидејќи и таа е многу лековита. Во тенџерето ставете го кромидот. Додајте вода и 3-4 ловорови листови.
Ловоровите листови ќе го неутрализираат доминантниот мирис на кромидот, но тоа не е единствената улога што ја имаат. Ловоровите листови се исто така одлични супресанти за кашлица, како и кромидот. Одлична комбинација.
Оставете да се готви на најниска температура околу 1 час. По потреба долевајте вода кога ќе забележите дека се намалило новото од испарувањето, повторно да го достигне истото ниво. Потоа процедете и оставете да се олади. Потоа додајте го медот и убаво промешајте. Складирајте во тегла и чувајте во фрижидер.
УПОТРЕБА: Се пие со лажица како и секој сируп против кашлица. Земете 2 лажици сируп 3 пати на ден. Доволно е да пиете 3 дена или додека да го испиете целиот сируп од теглата.
Веќе по првиот ден, треба да почувствувате олеснување. Кромидот често се користи во традиционалната медицина како природен лек за кашлица и настинки поради неговите антибактериски и антивирусни својства.
Сокот од кромид може да помогне во разредување на слузта и да го олесни кашлањето. Еве неколку начини на кои можете да го користите:
За сирупот од кромид, измешајте го исцедениот сок од кромид со мед за да направите сируп. Можете да земате една лажичка од овој сируп неколку пати на ден за да ја смирите кашлицата.
Облоги од кромид
Загрејте го сокот од кромид, додајте малку масло (на пример кокосово масло), натопете крпа или газа во оваа смеса и нанесете на градите. Ова може да помогне во ублажување на кашлицата.
Инхалација
Додајте неколку парчиња кромид во зовриена вода и вдишете ги испарувањата. Ова може да помогне да се отворат дишните патишта и да се олесни дишењето. Пареата од кромид ги чистат синусите.
Важно е да се напомене дека иако црвениот кромид може да биде корисен, некои луѓе може да бидат чувствителни на него. Некои може да имаат иритација поради неговите испарливи соединенија.
Затоа, ако забележите какви било алергиски реакции или иритација, престанете да користите кромид. Исто така, доколку имате посериозен здравствен проблем, прво консултирајте се со вашиот лекар. Секогаш е најдобро да се консултирате со здравствен работник пред да користите каков било природен лек.
Добро е познато дека ловоровиот лист може да биде корисен за ублажување на кашлицата поради неговите антимикробни и антиинфламаторни својства. Еве како инаку можете да ги користите ловоровите лисја за овие цели.
Чај од ловоров лист
Додадете неколку ловорови листови во чаша врела вода и оставете да отстои околу 10-15 минути. Процедете го и испијте го овој чај.
Можете да додадете мед или лимон по желба за да го подобрите вкусот и да обезбедите дополнителни придобивки.
Инхалација
Во сад со топла вода ставете неколку ловорови листови, покријте ја главата со крпа и вдишете ја пареата. Ова може да помогне да се исчистат блокираните дишни патишта и да се олесни кашлањето.
Етеричното масло од ловор е одлично за инхалации, а исто така е многу корисно за дезинфекција на просторот во сезоната на настинки и вируси.
Затоа некои луѓе палат ловорови лисја за да ги дезинфицираат просториите. Така, ловоровиот лист може благотворно да делува против кашлицата.
Сепак, важно е да бидете внимателни кога користите природни лекови, особено ако имате некакви здравствени проблеми или алергии. Ако симптомите на кашлица продолжат или станат сериозни, секогаш консултирајте се со лекар.