Сопругата на Сашо Мијалков откри работи кои помалку се знаат

- Advertisement -

Деновиве повторно е актуелен Саша Мијалков, поранешниот директор на УБК и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Тој во моментов е во Шутка, а судот одлучува дали ќе ја прифати неговата гаранција за одење дома.

Примабалерината Александар Мијалкова, пред извесен период, беше гостинка во Тв Сител, на гости на емисијата „Магазин“ со новинарката Јана Серафимова, и зборуваше за нејзиното секојдневие во пандемијата и воопшто за животот.

Познато е дека Александра му е сопруга на Сашо Мијалков. Во емисијата, таа зборуваше за она што многу ја прави среќна а а тоа се балетот, децата, сопругот, пријателите. Рече и дека ужува во едноставните работи како и секоја жена и сака да излезе, нешто да си купи, да се напие кафе.

- Advertisement -

Исто така коментираше дека не знае до кога професионално ќе игра балет и дека и е од голема важност да ја одржува својата добра форма. Мијалкова истакна дека нејзиното скеојдневие е тешко во ова време.

„Добра сум, во ова тешко време на пандемија со која сите се сретнуваме, цел свет. Во театарот секојдневно одиме на вежби, редуцирани се вежбите, редуцирани сме. Тоа е секојдневието“, рече таа.

– Јас иако сум во години, сакам да ја одржувам формата на телото и навистина ми значи тоа. Ние работиме шест дена во неделата, само еден ден сме слободни, меѓутоа сега имавме една подолга пауза, и раеално ова е за нас сега многу тешко, бидејќи е многу тешко да се вратиш во форма.

Балетските педагози велат дека еден ден ти самиот чувствуваш одмор, два дена телото чувствува, а третиот ден веќе телото чусвтвува дека не си како што треба“.

Никогаш не сум била задоволна од самата себеси, сум сакала да напрадеувам повеќе и повеќе. Тоа ме држело да напредувам и во подоцни години.

Ете би рекла дека тоа гладување, тие деформирани стопала, сите нели ние имаме деформирани стапала, тоа ни е професионална деформација, се трудиме линијата да ја држиме, да гладуваме нели, па после да ни паѓа енергијата. Меѓутоа, кога излегуваме на сцена, сите проблеми ги оставаме на страна.

Потоа Мијалкова зборуваше за одрекувањата кои требала да ги направи за својата професија и рече: Можеби, ете сум можела уште едно дете да родам“, рече Мијалкова која има два сина.

Таа го спомна и својот сопруг Сашо Мијалков: „Ние долги години сме заедно, и нашата поддршка била секогаш взаемна. За да бидеш успешен, терба да имаш поддршка и од сопругот и од децата.

На него сепак му било полесно со балетската уметност, отколку на мене со неговата работа, и со притисоците што се случуваат. Мене ми било потешко, бидејќи спецификата е таква. Уметноста е почиста, поубава.
Мијалкова рече дека и покрај обврските, таа и сопругот секој ден наоѓаат време само за нив. „Пиеме кафе заедно, разговараме за нештата коишто не опкружуваат, и се дружиме со децата заедно. Секогаш мора да се најде време за убав разговор“.
Во едно постаро интервју за „Репортер“, Мијалкова раскажа дека сопругот, додека биле дечко и девојка, не стасал на една нејзина премиера, бил на пат.
Но, тој точно истемпирал таа да добие телеграма на сцената од него, токму кога играла. Прво не ја забележала телеграмата, а потоа многу ѝ се израдувала.

Дел од јавноста, која можеби поранешниот директор на УБК го доживува поинаку, беше изненадена од емотивната страна на Сашо Мијалков, која ја откри неговата сопруга.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави