Во Македонската Радио Телевизија (МРТ) оформена е комисија која ќе утврдува и одлучува што ќе се случи со нашиот годинашен претставник на Евросонг, Васил Гарванлиев.
– МРТ формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот „Евросонг“. Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската радиодифузна мрежа – ЕБУ, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија. Јавноста наскоро ќе биде дополнително информирана за конечната одлука на МРТ – изјави Мери Попова, шефица на македонската евровизиска делегација.
И додека страстите се уште вријат, актерот Сашо Тасевски објави нова фотографија на која Васил Гарванлиев покажува орел со претставничката на Косово.
Еве што напиша Сашо:
-И орлиња знаел да лета дечково. Каде ти е дното да знам?
Пак провокација до Македонците. Докажа дека сме во право што те плукаме.
Ти остана да се сликаш уште со грчко знаме и свастика… И гарант ќе победиш на Евровизија. Ауууу, што би ти правел да сум власт во Македонија.