Откажување од вкусна и здрава храна која остава зад себе (не) мирис во устата ќе биде навистина претерано и погрешно решение.
Еве некои намиирници со кои ќе бидете во можност да уживате во секој оброк и чаша кафе. Освен што го отстрануваат лошиот здив, јаболката и ги чистат забите, додека циметот го освежува здивот по кафето.
Наместо апстиненција од јадења со кромид, лук и некои видови на сирење, на здивот спротивствете се со храна. При тоа се доволни многу мали количини на одредени видови намирници, или дури само нивниот сок.
Лимон
Со риба во ресторан, обично, декорација завршува со неколку парчиња лимон. Исцицајте или изгрицкајте барем едно парче од лимон за да се ублажи мирисот на лук. Во една друга прилика, можете да нарачате минерална вода со парче лимон или да цицате бонбони за освежување на здивот со вкус на лимон. Лимонска киселина веднаш ќе ги неутрализира непријатните бактерии.
Магдонос и други зачински билки
Неколку листови магдонос на тестенините, во неодоливиот сос од кој сешири уникатен мирис на лук, можеби таму не се сосема случајно. Со грицкање магдонос се испушта масло кое го освежува здивот. Ист ефект имаат босилок и рузмарин.
Лош здив може да биде виновник за слаба самодоверба
Јаболка
Како чистачи на забите и освежува начи здивот, јаболката се навистина најдобри пријателки на усната празнина. Крцкави круши и моркови исто така се ефикасни. Имаат висока содржина на влакна, кои во комбинација со плунката ефективно ги отстрануваат сите не толку мирисни честички.
Егзотични зачини
Ако сте љубител на поинакви вкусови посегнете по зачини како анасон, коријандер, анасон, ѓумбир. Стапче цимет дури и уништува некои штетни бактерии кои живеат во усната шуплина. Тие се особено корисни за освежување здив кој го остава шоља кафе. Не само што ќе го неутрализира мирисот во устата, туку и ќе го слатко замириса.
Овошје и јогурт
Одредени видови на овошје и незасладен јогурт не се само ефективни во отстранување на лошиот здив, туку можат дури и да го спречат. Половина чаша јогурт го намалува водород сулфид (причината за лош здив) во устата.
Бобинки и дињи, портокали, киви и друго овошје богато со витамин Ц, исто така, ги отстранува непријатно миризливи бактерии. Започнете и ќе го завршите денот со јогурт и овошје, а можеби и никогаш нема да треба да се грижите за ментол бонбони во својата чанта.