Со часови го прегрнувала својот коњ кој тонел во жива кал а потоа дошол стар фармер (ВИДЕО)

- Advertisement -

Никол Грахам и нејзината ќерка сакале да поминат тивок ден со своите коњи, но лесниот галоп на блиската плажа се претворил во нешто што можело да има трагични последици.

Мајката и ќерката не забележале дека се приближуваат кон делот од брегот каде има жива кал. Нивните коњи се заглавиле во калта и почнале да тонат, а мајката и ќерката не можеле да им помогнат, пишува ЕКРАН.

Сепак, тие успеале да го спасат коњот на нејзината ќерка. Коњот на Никол сè повеќе тонел во калта и не можеле ништо да направат. Тие се обиделе да повикаат некого да им помогне, но немало никој во близина. Пристигнала медицинска помош, давајќи му на животното средство за смирување додека ќерката на Никол го гушкала со часови.
Во еден момент, еден земјоделец со трактор конечно пристигнал и и’ помогнал на жената да го извлече саканиот коњ од длабоката кал.

- Advertisement -

Последни објави

spot_img

Поврзани објави