Вистинска драма околу пладне се случуваше на Илинденска. Речиси 4 часа траеше мисијата на МВР и противпожарната бригада за спасување на 35 годишна скопјанка која се обиде да си го одземе животот. Полицијата успешно интервенираше во моментот кога девојката се обиде да скокне од 5-иот спрат.
Од противпожарната бригада велат дека интервенирале веднаш штом го добиле повикот од соседите, околу 12 часот попладнево.
Соседите кои не сакаа да зборуваат пред камера велат дека ова не е прв ваков обид на 35 годишната скопјанка. Причините ги утврдува и МВР, од каде повеќе детали најавуваат следните денови.
Откако беше приведена девојката со возило на итната медицинска помош беше пренесена во психијатриската болница Бардовци.