Специјалитет од турската кујна кој ќе ве воодушеви: Подготовката е едноставна, а кој еднаш ќе ја проба ќе ја посака повторно

- Advertisement -

Откако ќе се рассука тенко се филува со фил и се витка како палачинка или пита.

Ако сте љубители на тесто и од време на време сакате нешто малку поразлично – дојдовте на вистинското место. Сконите кои ќе ве воодушеват се нарекуваат ѓозлеме – традиционален турски слатко направен од тенко тесто , исполнето со филови како сирење, спанаќ, месо, компири или печурки.

Гозлеме потекнува од Анадолија, а името доаѓа од турскиот збор goz што значи око или дамка. Ова се однесува на темните дамки кои се појавуваат на тестото за време на печењето, што е она што го прави тестото препознатливо. Некогаш беше традиционално јадење на турските селани и номади бидејќи лесно се подготвуваше од едноставни состојки достапни во домаќинството .

- Advertisement -

Тестото се прави од брашно, вода, сол, а понекогаш и малку масло или јогурт за да биде поеластично. Откако ќе се расука тенко се филува со фил и се витка како палачинка или пита . Се пече без масло или со многу малку путер, а готовото ѓозлеме често се мачка со растопен путер за дополнителна сочност.

Најчести

со сирење (често фета или бејаз пејнир) и билки
со спанаќ и сирење
со мелено месо (говедско или јагнешко)
со пире од компири и зачини
со печурки и сирење

- Advertisement -

Денес, ѓозлемето е популарно низ цела Турција и може да се најде во пекари, пазари и ресторани кои нудат традиционални јадења . Турците го подготвуваат и дома, особено за појадок .

Потребни состојки

- Advertisement -

за тестото:

380 гр брашно
190 мл млака вода
90 ml маслиново масло
сол

За прелив:

300 гр спанаќ
300 гр фета сирење
2 јајца
2 чешниња лук
сол и бибер

Како да се подготви:

Сите состојки се замесуваат во мазно тесто и се остава да одмори малку . Тестото поделете го на четири топчиња и секое расукајте го во круг. Подгответе го спанаќот и направете го филот и ставете го на половина од тестото и преклопете и притиснете ги рабовите . Гозлемето пропржете го во голема тава додека не стане крцкаво, или можете и да ги печете на скара.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави